- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Интервју на министерот Димовски за European TimesDate of publication: 13 February 2014European Times: Дали можете да дадете резиме на работата во земјоделскиот сектор во 2013година? Љупчо Димовски: Оваа годината беше доста успешна за поголем дел од македонскиот земјоделскиот сектор. Кај сите наши култури постигнавме приноси кои се повисоки од просекот, а цените на зеленчукот, овошјето, грозјето и тутунот беа многу задоволителни. Како пример, просечната откупна цена на тутунот од берба 2012-2013 сезона беше за околу 9,3 % повисока отколку во претходната година. Како резултат на тоа, површините на кои се сади тутунот се зголемија за околу 35 % во текот на годината, а производство беше зголемено за повеќе од 40 %. Исто така, производството и извозот на зеленчук се зголеми, особено во производството на домати, пиперки и краставици. Производство на овошје исто така се зголеми, а Министерството го поддржува подигањето на нови овоштарници. Винскиот под-сектор работеше многу добро во 2013 година, со што покажа дека сосема закрепна од глобалната криза. Цените на грозјето беа меѓу највисоките во последниве години, а извозот на македонско вино се зголеми како на традиционалните, така и на новите пазари во целиот свет . Особено сум задоволен што нашиот извоз на квалитетно вино во шишиња, значително се зголеми во 2013 година. European Times: Кои се некои од новите трендови во земјоделскиот извоз ? Љупчо Димовски : Македонија произведува повеќе земјоделски производи отколку што и се потребни, па поголем дел од нашето производство се извезува . Ние активно ги промовираме нашите производи на нови пазари, особено на пазарите каде што населението има повисоки примања, каде што побарувачката за квалитетни земјоделски производи е во пораст. На пример, го засиливме нашиот извоз во Русија и Кина, особено во однос на виното и преработеното овошје и зеленчук. European Times: Како реагира земјоделскиот сектор на климатските промени? Љупчо Димовски : Целосно сме свесни за сериозноста на глобалните климатски промени и постојано нагласуваме дека ова е проблем за кој треба да се најде решение. Водата е клучно прашање во климатските промени и Министерството за земјоделство посветува посебно внимание на системите за наводнување и нивната поправка и реконструкција. Финансирањето на проектите за наводнување е обезбедено преку посебна програма за рурален развој. European Times: Какви видови на поддршка обезбедува Владата за земјоделските производители ? Љупчо Димовски : Тековниот пет-годишен период 2013-2017 следи по периодот во текот на кој беа спроведени нови политики и нова законска рамка за земјоделскиот сектор. Финансиска поддршка во земјоделството е зголемена за производство на конкурентни, извозно - ориентирани земјоделски производи, а исто така ѝ за одржување на постоечкото производство во помалку конкурентните под-сектори. Сега сме фокусирани кон продолжување на зајакнувањето на обемот на производството, како и на квалитетот на земјоделските производи, преку поврзување на финансиската поддршка со резултатите, вклучувајќи го и квалитет на производите, добрата земјоделска пракса и хигиена. Ние, исто така, имаме и тековна програма за зголемување на производството на семе, така што со почетокот на 2015 ќе бараме да се употребуваат сертифицирани семиња. European Times: Кои земјоделски производи нудат најголем потенцијал за зголемување на бројот на инвеститори? Љупчо Димовски : Ароматичниот тутун сега зафаќа 30 % од вредноста на вкупниот извоз на Македонија и ќе остане на врвот како производ. Виното е уште еден под-сектор во пораст, исто онака како што продолжуваме да подигаме нови лозови насади и да го подобруваме неговиот квалитет. Нашите јагниња , овци , козјо млеко и млечни производи имаат големи конкурентски предности , како и нашите вкусни овошја и свеж зеленчук, вклучувајќи ги раноградинарските зеленчуци и преработениот зеленчук, кои ќе продолжат да се претставуваат во добра светлина. Македонија остварува нето приходи од повеќе од 30.000.000 € годишно, од свеж зеленчук и повеќе од 50 милиони € за преработен зеленчук. Месните производи за задоволување на домашната побарувачка, како и органските производи, медот, ароматичните и лековити растенија, маслинки и семиња се сите производи кои имаат извонредна перспектива за пораст. Субвенции до 50 % од инвестициските трошоци, се достапни за активностите за создавање нов добиточен фонд. European Times: Зошто инвеститорите во земјоделството треба да ја изберат Македонија? Љупчо Димовски : Македонија има плодна почва, многу поволна и сончева клима, фискална и политичка стабилност, како и бесцарински пристап до пазар од над 600 милиони потрошувачи. Речиси целото законодавство во областа на земјоделството во Македонија е усогласено со стандардите на ЕУ , а Владата нуди значајни субвенции за инвеститорите во земјоделството. Тука може да се вбројат можностите за закуп на државно земјиште по многу поволни цени за период од 99 години ако земјата се користи за одгледување на култури, пластеници, користење на гео-термалната енергија, продажни и логистички центри за овошје и зеленчук, или нови винарски визби. Програмите за рурален развој можат да обезбедат до 50 % од вкупните трошоци на почетната инвестиција, а се поттикнуваат заедничките вложувања. Ние особено бараме инвестиции во примарното производство и во производите кои генерираат повисоки приходи и кои обезбедуваат трансфер на знаење и напредни технологии. European Times : Која е вашата лична порака до потенцијалните инвеститори? Љупчо Димовски : Имајќи ги во предвид докажаната љубезност и гостопримливост на македонскиот народ и нашата посветеност како Влада, можам да ги уверам потенцијалните европски компании дека можат да ги реализираат своите бизнис идеи во стабилна и безбедна средина која нуди услови за бизнис, слични на оние во нивните матични земји. Јас ги повикувам да ги искористат предностите на инвестициската поддршка која се нуди од страна на Владата на Република Македонија и изборот на Македонија како нивна следна инвестициска дестинација ќе биде целосно оправдан. |