Date of publication:
11 February 2014Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски присуствуваше на започнувањето на работите на паркот „Езерце“ во Пехчево и на изградбата на улици во селата Умлена, Чифлик и Негрево, со вкупен износ од 4.746.685,00 денари.
- Пoсетата на општина Пехчево ја искористивме да го одбележиме почетокот на работите за уредување на излетничкото место „Езерце“ на површина од 3,36 хектари, за што преку Програмата за рурален развој обезбедивме средства во износ од околу 3.000.000,00 денари. За подобрување на условите за живот во селата Негрево, Умлена и Чифлик се одобрени проектите на локалната самоуправа во Пехчево за селски улици во вкупна должина од еден километар, за што ќе бидат инвестирани 4.746.685,00 денари, рече министерот Димовски.
Во изминатиот период преку ИПА фондовите за подобрување на квалитетот на животот на населението во над 200 населени места во повеќе општини се асфалтирани 180 километри селски улици и 200 километри локални патишта. За последните пет години во руралната инфраструктура се вложени 1,2 милијарди денари, а за периодот 2014-2015 обезбедените средства наменети за таа цел се во износ од 18 милиони евра.
Градоначалникот на Пехчево Игор Поповски најави изградба на резервоар за вода во село Панчарево од 1.412.767,00 денари и се заблагодари за соработката со ресорните министерства.