- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Димовски во посета на општина Чешиново-ОблешевоДата на објава: 6 Февруари 2014
За развој на руралните средини во Република Македонија, Владата во последните 5 години оддели 1,2 милијарди денари само од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и дополнителни 1 милијарда денари средства наменети за општините за инвестирање во руралната инфраструктура за 2014 и 2015 година, како и дополнителни 18 милиони евра средства обезбедени од ИПА фондовите за оваа намена. Ова го истакна министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Димовски при денешната посета на општина Чешиново-Облешево. - Во изминатиот период овие средства го подобрија квалитетот на живот на населението во над 200 населени места скоро во сите општини. Асфалтирани се 180 километри селски улици со придружно осветлување и 200 километри локална патна мрежа, истакна министерот Димовски. Во рамки на посетата на општина Чешиново-Облешево министерот Димовски присуствуваше на започнувањето на проектот за изградба на канализациона мрежа во село Кучичино во должина од 6.900 метри во износ од 16.911.276,00 денари. Како што истакна министерот Димовски за општината се обезбедени дополнителни средства за инвестиции за поставување на 64 информативни табли за културни и природни знаменитости на територијата на општина Чешиново Облешево во износ од 885.600,00 денари и финансиска поддршка за изработка на урбанистички план на село Спанчево во износ од 3.792.000,00 денари. Вкупната вредност на проектите кои и се одобрени на општината Чешиново Облешево изнесува 21 милион и 589 илјади денари. Министерот Димовски го посети и мостот на Злетовска река кој е во изградба, а ќе ги поврзува населените места од оваа општина и општина Пробиштип, а присуствуваше и на формирањето на првата земјоделска задруга во општината.
|