Министерот Димовски во посета на Ресен

Date of publication: 
5 February 2014
slika resen.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски  и градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски денеска во селото Долна Бела Црква го означија почетокот на изградба на фекална канализација во вредност од 10 милиони денари.

Општина Ресен средствата ги доби од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Министерот Димовски и градоначалникот Стрезовски во селото Крани го означија почетокот на изградбата на секундарната мрежа за наводнување во реонот на Долна Преспа во висина од околу три милиони денари. Средствата се обезбедени од Министертвото за земјоделство, шумартсво и водостопанство и месната заедница од село Крани.

Во селото Подмочани, пак, тие присуствуваа на почеток на изградба на селскиот плоштад, за чија изградба се наменети три милиони денари, како и на пуштањето во употреба на локалниот пат во должина од 800 метри од село Подмочани до месноста Преспански крст и црквата Петар и Павле, поддржано со средства од Јавното претпријатие за државни патишта.

Градоначалникот Стрезовски истакна дека општина Ресен ќе продолжи со работа за да го подигне нивото на квалитетот на животот на граѓаните преку вакви и слични проекти.

- Општината доби финансиска поддршка за три проекти кои имаат за цел директно да го стимулираат руралниот развој, рече тој.

Министерот Димовски, пак, истакна дека е горд што од вкупно 134 одобрени за 73 општини, три се во Ресен и дека овие проекти имаат за цел на некој начин да го подобрат животот на граѓаните во руралните средини, со што би се спречила  миграцијата на населението од овие краишта.