- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Средба на министерот Димовски со министерот за земјоделство на Словенија Дејан ЖиданDate of publication: 18 January 2014Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчo Димовски на вториот ден од меѓународниот саем за храна, земјоделство и хортикултура „Зелена недела“ одржа билатерална средба со својот колега, министерот за земјоделство на Словенија Дејан Жидан. На средбата двајцата министри разговараа за актуелните прашања, политики и моменталната состојба во во земјоделството во двете земји. Министерот Жидан истакна дека завршуваат со реформата на земјоделската политика, дека е финализирана новата програма за рурален развој 2014-2020, и веке е испратена во Брисел, нагласувајќи дека во новата програма посебен акцент е ставен на поддршката на малите земјоделци. Исто така, министерот Жидан рече дека Словенија во последните неколку години посветува големо внимание на заштитата на пчелите поради нивната важност за земјоделството и за животот на планетата воопшто. Министерството за земјоделство и животна средина планира за време на саемот за земјоделство и храна кој секоја година се одржува во август во Горна Радгоња, да организира конференција на која главна тема ќе бидат пчелите и нивната заштита. И воедно го покани министерот Димовски да уцествува со свое обраќање. -Преземаме различни мерки за заштита на пчелите и веќе имам покренато иницијатива во која би се вклучиле сите земји од Европската Унија, но јас би сакал да се вклучи и регионот во иницијативата за зачувување на пчелите - рече министерот Жидан. Министерот Димовски со задоволство го прифати предлогот и напомена дека и Република Македонија преку своите институции се бори со болестите, а особено со Aмериканската чума кај пчелите и секое вклучување на регионот во заштита на пчелите ќе биде од огромно значење за сите нас а особено за иднината на новите генерации. Тој додаде дека Македонија има голема поддршка од Словенија во делот на синхронизацијата кон европската регулатива, но и техничка поддршка за реализација на низа проекти. Словенија, пак, од Македонија ќе ги користи искуствата што државата ги има во делот на наводнувањето. Словенија, за разлика од Македонија, нема многу искуства во делот на наводнувањето, а во последно време се соочува со потреба заради климатските промени. Знам дека Македонија во овој поглед има многу искуства и сакаме нив да ги искористиме. – рече министерот Жидан. Во текот на денешниот ден министерот Димовски ќе учествува и на Самитот на министри за земјоделство, кој е дел од Глобалниот форум за земјоделство и храна. Во фокусот на годинашниот Самит на министри ќе биде зајакнување земјоделството со што ќе се подобри здравјето на луѓето како и обезбедувањето на доволно храна и соодветна исхрана за населението. |