- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
СоопштениеДата на објава: 27 Декември 2013После денешните изливи за наводна загриженост, и тоа на најголемиот „земјоделец“ Зоран Заев, сакаме само да ги потсетиме „загрижените” во СДСМ дека Владата на Република Македонија и Министерството за земјоделство се во постојана комуникација и договор со индивидуалните производители на тутун, Здруженијата на тутунопроизводителите и откупните претпријатија и ги превземаат сите неопходни мерки за нормално спроведување на откупот на тутун. Заев најверојатно не е во тек со аграрната политика на оваа Влада со која веќе 5 години наназад се исплаќаат по 60 денари за килограм произведен и предаден тутун. За просечната откупна цена на тутунот во прилепскиот регион должни сме да ги информираме „загрижените” во СДСМ дека заклучно со денешниот ден просечната откупна цена на тутунот во овој регион е 161,12 денари за килограм, а досега во овој регион се откупени 2,5 илјади тони тутун. На ниво на цела држава откупени се 6 илјади тони тутун, што е само околу 18% од овогодинашното производство. Исто така на „загрижените” во СДСМ треба да им е познато дека за произведен и предаден ориентален ароматичен и полуориентален суров тутун само за реколта 2012 на 25.816 тутунопроизводители им е исплатена финансиска поддршка со висина од 60 ден/кгр или вкупно 1,66 милјарди денари од програмата од 2013 година за произведен и продаден тутун. Само за потсетување овој износ од над 27 милиони евра само за тутунот е околу четири пати поголем од вкупните средстава кои СДСМ ги издвојуваше за сите земјоделски култури заедно. Владата на Република Македонија е единствената која спроведува силна финансиска поддршка за тутунопроизводството од сите држави во регионот, традиционални производители на ориентален ситнолистен тутун. Токму ова е маката на „загрижените” во СДСМ и причината поради која денес повторно се обидоа да ја потценат свеста на тутунопроизводителите. Како што СДСМ направи штета во време на откупот на пченицата, како што создаде огромна штета во извозот на градинарски производи, така денес повторно се директно се замеша во откупот и на тутун за да создаде привидна претстава на грижа. Конечно, Заев и СДСМ да престанат да ги подбуцнуваат тутунопроизводителите, затоа што токму тие ќе ги почувствуваат негативните последици од несериозниот однос на СДСМ кон нив, слично како пред неколку години. Затоа им порачуваме на „загрижените“ дека државата како и секогаш во овие последни седум години ги превзема сите неопходни мерки во нејзино располагање за реална поддршка, не само финансиска, на секторот, а дека голите обиди за создавање паника од наводни кризни ситуации се контрапродуктивни и на штета за самите земјоделци. |