- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Реакција на Министерството за земјоделство на соопштението од политичката партија СДСМDate of publication: 15 December 2013Откако целата јавност и сите земјоделци се уверија дека долгонајавуваната програма на СДСМ за земјоделството, е всушност памфлет без идеја и визија кој се темели на работи кои или веќе се направени или се во фаза на тековна реализација од страна на Владата на Република Македонија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од СДСМ повторно се вратија на старата тактика која се темели на неосновани критики, обвинувања и подбуцнувања. Веќе видено и слушнато, од оние кои земјоделците ги гледаат како измеќари а не како достоинствени луѓе. Веќе видено и слушнато до СДСМ. Денес, земјоделците и компаниите од преработувачкиот сектор беа информирани дека можат да аплицираат за финансиска поддршка на неколку јавни повици, односно за само еден мал дел од мерките за финансиска поддршка во земјоделството. Болката на СДСМ се состои во тоа што само за два повици за финансиска поддршка, односно само за две мерки, Владата на Република Македонија одделува повеќе финансиски средства од средствата што СДСМ ги одделуваше за сите земјоделци за една година. Искрено жалиме, што СДСМ продолжува да ја потценува свеста на македонскиот земјоделец. Искрено жалиме што наместо концепт и издржани предлози од СДСМ повторно гледаме повторување на веќе виденото. Жално е што СДСМ мисли дека може да ги манипулира земјоделците. Единствено што СДСМ може да направи за земјоделците е јавно да се извини на земјоделците. Да се извини за пустошот што го направија во земјоделството додека беа на власт, да се извини на земјоделците што ги гледаат како граѓани од втор ред, да се извини на земјоделците за постојаните навреди и закани што ги упатуваат кон нив. Земјоделците се тие кои најдобро знаат дека во времето кога СДСМ беше на власт, беа граѓани од втор ред кои секогаш беа омаловажувани и потценувани. Земјоделците знаат дека за СДСМ беа граѓани од втор ред. Искрено жалиме што СДСМ продолжува со овој потценувачки однос кон земјоделците и токму затоа ги повикуваме да им се извинат на земјоделците. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во иднина ќе го продолжи досегашниот континуитет на отвореност и партнерство со земјоделците и компаниите, континуитетот на финансиска поддршка и развој на земјоделството, континуитетот на нови мерки и проекти во интерес на земјоделството и земјоделците.
|