- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Средба на државниот секретар Бесир Јашари со Петар Сијарто, Државен секретар за надворешна економска соработка на УнгаријаDate of publication: 5 December 2013
Државниот секретар на министерството за земјоделство Бесир Јашари денеска одржа билатерална средба со Петар Сијарто, Државен секретар за надворешна економска соработка на Унгарија. Дел од делегацијата беше и д-р Жужана Хорват заменик секретар за надворешна економска соработка. На средбата се разговараше за продлабочување на соработката во однос на Евроинтеграциските процеси во земјоделството и руралниот развој, преку размена на искуства и техничка помош, а со цел за зајакнување на македонските админинистративни и институционални капацитети. За остварување на овие иницијативи меѓу другото, Унгарската страна предложи понатамошни испитувања на можностите на ТВИНИНГ програмите и искористување на ТАЕКС можностите. Исто така стана збор за продлабочување на делот во водостопанството каде државниот секретар Јашари ја појасни состојбата во Македонија, додека пак унгарската страна истакна дека бизнис заедницата кај нив е спремна да понуди решенија за проблемите во секторот за водостопанство со цел зголемување на површината на обработливото земјоделско земјиште. На крајот од средбата Државниот секретар напомена дека во блиска иднина ќе се распише Меѓународен повик за обработка на животинските отпадоци-кафилерија, каде ги повика Унгарските компании да аплицираат.
|