- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Димовски на средба со производителите на ориз од Кочанскиот регионДата на објава: 4 Декември 2013Штетите направени од сланата пред жетвата, ненавремената сеидба на оризот поради задоцнетото пуштање на водите од хидросистемот Брегалница, како и намалените приноси кај домашните сорти на ориз, беа основните прашања за кои денеска во Чешиново разговараа министерот за земјоделство Љупчо Димовски и оризопроизводителите од овој регион. - Владата и ресорното Министерство ги знаат проблемите на оризопроизводителите кои годинава добија слаб род на полињата од домашните сорти ориз и затоа преземаат мерки за стимулирање онаму каде што штетите се најголеми. Водостопанство Брегалница за наредната наводнителна сезона ќе ја поправи навреме каналската мрежа и испораката на водата ќе ја започне од 7 април до почетокот на мај, кога се сее оризот во Кочанско, истакна министерот Димовски. Од страна на оризопроизводителите е побарана помош за покривање на дел од висината на констатираните штети, која би се реализирала со измена на Програмата за финансиска помош во земјоделството и руралниот развој за 2013 година и воведување на дополнителна мерка. Воедно, се анализираше и процесот на откуп и висината на откупната цена на оризот и оризовата арпа, која оваа година беше на задоволително ниво. На новинарско прашање до каде е соработката со турската компанија „ТИКА“ во делот на пробното производство на ориз, министерот Димовски рече дека соработката ќе продолжи и наредната година за што се побарани нови количини на семенски материјал за сеидба. - Турските сорти дадоа неверојатно добри приноси на ориз, дури и созреаја дваесетина дена порано од домашните сорти, оцени министерот Димовски. Запрашан до каде се активностите за изградба на браната Речани на Оризарска река, министерот Димовски информира дека до крајот на годината ќе заврши експропријацијата, ќе бидат обезбедени потребните документи од општината и следната година ќе се распише тендер за најповолен изведувач. |