- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Реакција на Министерството за земјоделство на прес конференцијата на СДСМДата на објава: 26 Ноември 2013На денешниот прес на СДСМ, за поздравување е признанието на СДСМ дека не ја следат состојбата во земјоделството, туку баш од денес ќе почнеле и тоа со жестоко темпо. Денеска очекувано СДСМ пак си ги повтори памфлет-политиките за развој на земјоделството, но овојпат изгореа во пуста желба за агро-анализи и ветуваат намалени инвестиции во системите за наводнување на 10 милиони евра годишно, а Владата веќе одделува најмалку 18 милиони евра годишно, се ветува намалена поддршка за инвестиции во бунари во износ од 30% покривање на трошоци за дупчење на бунари, а Владата веќе доделува 100% поврат од вложените средства за оваа намена. Бројките од „анализите“ на СДСМ очигледно денес потфрлиле и кај агро-анализата за „двојно“ зголемување на субвенциите па така од денеска на наше огромно разочарување ветувањето на СДСМ за зголемување на субвенциите не е веќе дел од нивните памфлет-политики. Очигледно постои колективна амнезија во СДСМ па пак се предлага нешто што е одамна реализирано или пак веќе тековно се реализира. Имено, Владата на Република Македонија доделува 50% од инвестициските трошоци за изградба на нови откупно-дистрибутивни центри и оддели и уреди наменски локации во сите земјоделски региони. Но земјоделците паметат дека во време на СДСМ сите ветувања се напразни па плаќаа 15, 18 и 24% данок кои даноци оваа Влада по само еден месец од својот мандат ги спушти тие даноци и сега се 0% за малите земјоделци, 2% за средните и 10 % за големите земјоделци. Земјоделците исто така многу добро го паметат ветувањето на СДСМ за покривање на трошоците за работен стаж доколку се регистрираат и ништо не им исплатија, а оваа Влада уште во првата година од својот мандат ги исплати. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во интерес на македонскиот земјоделец апелира до СДСМ да престане со омаловажувањата и навредите упатени кон земјоделците. Апелираме и до нивните агро-аналитичари да престанат сопствената немоќ и отсуство на капацитет да ја истураат на македонскиот земјоделец нарекувајќи го „измеќар“. |