Соопштение

Date of publication: 
16 November 2013

Во интерес на вистината сакаме да ја информираме јавноста дека компанијата Еко Оранжерии Анска Река не ја говори вистината.

Еко Оранжерии Анска Река се обидува да ја манипулира јавноста мислејки дека така ќе се затскрие нивната одговорност и вина. Документот што  е лиферуван денеска во јавноста не се однесува на затруените краставици во кои е лоциран пестицид, што впрочем и инспекциските служби во Хрватска го утврдија како непобитен факт. Тоа се однесува на друга контрола на краставици, произведени од нив и кои моментално се наоѓале во оранжеријата, а не на оние кои веќе биле извезени во Република Хрватска и за кои воопшто не е побарано сертификат за квалитет на производи ниту од Државниот инспекторат за земјоделство, ниту од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Сето ова претставува потврда на нивното непрофесионално и неодговорно работење, но и несериозен однос кон јаноста и потрошувачите.

Одговороноста и вината на Анска Река за кршење на законот се лоцирани и потврдени. Министерството за земјоделство остро ги осудува обидите за манипулации што компанијата Анска Река се обидува да ги направи.