Ј А В Е Н П О В И К

Date of publication: 
15 November 2013

Влада на Република Македонија

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

 

Врз основа на член 25-б од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 и 106/13), по Одлуката бр.22-20675/1 од 12.11.2013 година Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, објавува

 

Ј а в е н П О В И К

за доставување на понуди за давање во закуп

на земјоделското земјиште во државна сопственост до 10 хектари

Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост за сите катастарските општини во регионите:

 

Јавен повик бр.01/13 за Кавадарци, Кичево, Гостивар, Македонски Брод и Демир Хисар.

Јавен повик бр.02/13 за Велес, Чаир, Свети Николе, Дебар, Пробиштип и Кисела Вода.

Јавен повик бр.03/13 за Валандово, Берово, Тетово, Струга и Прилеп.

Јавен повик бр.04/13 за Неготино, Крива Паланка, Виница, Кратово и Струмица.

Јавен повик бр.05/13 за Штип, Битола, Карпош, Делчево, Крушево и Охрид.

Јавен повик бр.06/13 за Гази Баба, Ресен, Куманово, Кочани и Радовиш.

 

 

Предмет на постапката на овој јавен повик може да биде само слободно земјоделско земјиште во државна сопственост врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп, но за земјиште на кое е подигнат долгогодишен насад со старост најмалку од 3 години.

Понудите се поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот повик во дневниот печат, до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Скопје.

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: