- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Средба на министерот Димовски со амбасадорот на Делгацијата на Европската Унија во Р. Македонија, ОравDate of publication: 6 November 2013Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денес оствари работна средба со Амбасадорот на Делгацијата на Европската Унија во Република Македонија, Н. Е. Аиво Орав. На средбата беше дискутиран позитивниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија за 2013 година во областа на земјоделство и рурален развој и тековниот ЕУ Инструмент за претпристапна помош – ИПА 2007-2013. Министерот Димовски се осврна на активностите кои се прават во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој за зголемување на апсорпцијата на финансиските средства од ИПАРД 2007-2013. Амбасадорот Орав, на средбата го претстави новиот службеник во Делегацијата, задолжен за сите активности во областа на земјоделство и рурален развој и беа презентирани намерите на ЕУ за поддршка на РМ преку наредниот ИПА 2 инструмент планиран за периодот 2014-2020. На средбата министерот Димовски беше информиран и за следните активности на Делегацијата за поддршка на ревитализација и проширување на системот за наводнување на Република Македонија. Соработката помеѓу министерството за земјоделство и Делегацијата на Европската Унија е на завидно ниво, истакна министерот Димовски порачувајќи на Амбасадоро Орав дека се надева на понатамошни редовни работни средби и уште поблиска соработка во напорите на Република Македонија целосно да се усогласи со ЕУ барањата и стандарди при тоа зголемувајќи ја конкурентноста на македонското земјоделско производство. Договорена беше во најкус можен рок наредна работна средба и посета на Агенцијата за финансиска поддршка за рурален развој и земјоделство, каде во тек се реализира многу значаен ЕУ твининг проект за поддршка на македонските земјоделство во областа на вкрстена сообразност при директни плаќања кој ќе допринесе кон напорите за воведување на стандарди за заштита на животна средина согласно барањата на ЕУ. Воедно ќе се направат работни разговори со Директорот на ИПАРД Агенцијата за спроведувањето на ИПАРД фондовите и напорите на Агенцијата за одржување и зајакнување на правилата за добро финансиско управување со средствата од ИПАРД во наредниот период. |