Соопштение

Дата на објава: 
25 Октомври 2013

Согласно Законот за квалитет на земјоделски производи, операторите со брашно се должни пред ставање во промет на брашното на пазар секое пакување на брашно да го означат со контролна марка.

Под ставање во промет според овој закон се подразбира продажба, превоз, складирање и чување за продажба, како и било кој облик на размена, замена или отстапување на брашното со надомест или без надомест, испорака на брашно за услуга за мелење на пченица, р`ж и пченка, за сопствена преработка и увоз и извоз на брашно.

Оператор со брашно е правно лице или физичко лице (производител, сопственик на брашното од услужно мелење, ако го користи за понатамошно производство, преработка, продажба или било кој друг начин на испорака, трговец, увозник и извозник) кое прво го пласира брашното на пазарот и/или означеното брашно го превезува за трето лице, за сопствени потреби или го пакува во помали или поголеми пакувања.

Доколку операторот со брашно врши извоз на брашно, може да го означи со ознака која ја бара земјата увозничка и да биде документирано со соодветна документација.

Операторот со брашно, пред почетокот на производство, увоз и ставање во промет треба да има производителска спецификација.

Производителската спецификација покрај податоците наведени во декларацијата за квалитет треба да содржи:

-евиденциски број на спецификацијата;

-назив на производот и неговото трговско име, ако производот го има;

-денот на донесување на спецификација на производителот;

-краток опис на технолошкиот процес на производство на производот, видот и количината на искористени суровини во однос на нето количината на производот и извештај за испитување на органолептичките, физичките и хемиските својства на производот;

-датум на отпочнување на производството односно увозот за наведената спецификација;

-група на кој производ припаѓа и

-показателите на квалитет според фаринографот, екстензографот и амилографот.

Барањето за издавање на контролни марки за означување на брашното се доставува до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на адреса ул.Аминта Трети бр.2, Скопје во пропишана форма согласно Правилникот за формата и содржината на барањето за издавање на контролната марка, формата и содржината на контролната марка, начинот на нејзиното издавање, како и формата, содржината и начинот на водењето на евиденцијата за издадени и искористени контролни марки за означување на брашното кое се става во промет („Службен весник на Република Македонија“ бр.111/2013 и 134/2013).

Согласно Одлука за висина на надоместокот за издавање на контролните марки за означување на брашно („Службен весник на Република Македонија“ бр.145 од 24 октомври 2013 година) висината на надоместокот за  издавање на контролните марки за означување на брашно по тип и по еден примерок со вклучен данок на додадена вредност изнесува:

-контролната марка тип А за пакувања од 1, 2, 5, 10 и 20 килограми и за непакувано брашно, односно брашно кое е во рефусна состојба изнесува 0,5 денари

-контролната марка тип Б за пакувања од 25, 50 и поголеми од 50 килограми изнесува 1,5 денари.

 

Уплата на надоместокот се врши на следниот начин:

 

-назив и седиште на примач: Буџет на РМ-МЗШВ

-банка на примач:НБРМ

-трансакциска сметка: 100000000063095

-сметка на корисник: 1400100280 631 19

-приходна шифра и програма: 724169 30

-цел на дознака: за контролни марки за брашно.