- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Реакција на Министерството за земјоделство на прес конференцијата на СДСМDate of publication: 22 October 2013Серијалот настапи во делот на земјоделството на СДСМ продолжува со општа констатација за целосна неинформираност на „стручните и загрижени“ за земјоделството. Покрај тоа што ја измешаа производната земјоделска година со подготвувањето зимница денес покажаа непознавање на законските решенија кои токму нивните пратеници ги подржаа. Ги прашуваме „стручните и загрижени“ во СДСМ со што го темелат барањето за стопирање на продажбата на државното земјоделско земјиште? Каде воопшто видоа дека Владата има намера без согласност на самите земјоделци да го даде на продажба државното земјоделско земјиште? Дали „стручните и загрижени“ во СДСМ, покрај следењето на вестите на веб страната на Министерството, понекогаш читаат дневни весници, каде што во три, исто така беше објавен Јавниот повик за доставување на иницијативи за продажба на земјоделско земјоделско земјиште дадено под закуп? Така неинформирани неуспешно се ставаат во ситуација на гласноговорници на партискиот центар за манипулации и извртување на факти за политиките во земјоделството. Да биде лицемерието уште поголемо СДСМ или неговата ОО во Куманово застанува на страна на земјоделецот! Со што „стручните и загрижени“ во СДСМ сметаат дека имаат право некого да заштитуваат, особено земјоделците, кога токму тие се факторот кој му нанесе најголемо зло на македонскиот земјоделец. За разлика од тенденционалните манипулации од СДСМ, јавноста, особено земјоделците се добро информирани дека на донесувањето на Законот за продажба на земјоделското земјиште му претходеше широка јавна расправа за нацрт текстот на законот, и дека истиот до пред неговото донесување во детали беше разгледуван и усогласуван со претставниците на земјоделците во државата За доедукација на „стручните и загрижени“ во СДСМ само ќе напоменеме дека Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост уредува крајно транспарентна постапка за продажба на истото, со почитување на начелото на заштита на правната сигурност на закупците на земјоделско земјиште во државна сопственост. Имено во законот е јасно уредено дека продажба на земјоделско земјиште во државна соптвеност дадено во закуп може да се врши единствено по претходна согласност на закупецот или по негова писмена иницијатива за продажба. Со тоа, злонамерни се изјавите дека некој земјоделец е присилен да си го откупи земјоделското земјиште кое го користи под закуп, туку напротив објавениот Јавен повик е во функција на анимирање на земјоделците дека таква можност им стои на располагање , а никако дека тоа е задолжителна обврска. Истовремено истакнуваме дека, имајќи ги во предвид интересите на земјоделците, законот предвидува можност за плаќање на 10 годишни рати на купопродажната цена за купеено земјоделско земјиште во државна сопственост доколку купувач е физичко лице, односно 5 години доколку купувач е правно лице, со што уште еднаш се потврдува заложбата на Владата на Република Македонија, законските решенија да ги прави во соработка со засегнатите страни и со почитување на интересите и на заинтересираните купувачи на земјоделско земјиште во државна сопственост, без притоа да се наштети на имотните интереси на државата. Ги упатуваме „стручните и загрижени“ во СДСМ во иднина да се потрудат да искажуваат издржани тези со што би ја потврдиле упатеноста во проблематиката која оддамна не ја владеат. А за наводната грижа кон земјоделците или довербата која сакаат да ја имаат, таа оддамна ја имаат изгубено. |