Министерот Димовски на 13-та Валандовска ракијада

Date of publication: 
19 October 2013
photo.JPG

Мајсторите за варење ракија од валандовски регион по 13 – ти  пат ги покажаа своите вештини во подготовка на традиционалната домашна ракија. 40 натпреварувачи поделени во 20 екипи со исто толку казани си ги одмерија силите и се потрудија да го покажат најдоброто. Велат печењето не е тешко, но неможе секој да го работи. За добрата ракија најважен бил квалитетот на грзојето, но имало и мали тајни кои мајсторите никогаш не ги откриваат до крај.

„Тајната не треба да се открие, ама нешто ќе откриеме. Ракијата се прави 90% од вранец и 10% бело зимско, тоа е нашиот рецепт“ - рече учесник на ракијадата.

„Грозјето што ќе се набере да биде здраво, чисто, квалитетно, кумињето треба да одлежи едно 20 дена и да преврие“ - рече друг учесник на ракијадата.

И оваа година на валандовската ракијада со која на сиболичен начин се означува крајот на бербата на грозјето присуствуваше министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Димовски .

„Ова всушност претставува завршување на гроздоберот кој што оваа година општа констатација е дека е навистина успешен, во делот на произведеното количество на винско грозје, во делот на обработливата површина со лозови насади, во делот на квалитетот на винското грозје и во делот пред се на просечната откупна цена“ - истакна министерот Димовски.

„Сметаме дека од година на година ја подобруваме оваа манифестација“- рече Николче Чурлиновски – градоначалник на општина Валандово.

Со чашка тазе ракија, вкусна скара и традициналната македонска песна на тринаесетата валандовска ракијада од дваесетте казани беа испечени околу 400 литри квалитетна домашна ракија.