- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Регионалната соработка- клуч за развој и на руралните региониDate of publication: 11 October 2009Интензивирање на соработката во делот на руралниот развој, алтернативниот туризам, трговијата со земјоделско-прехранбени производи, поттикнување на поголема размена на податоци, знаења, искуства и информации во насока на хармонизацијата на националните законодавства со законодавството на Европската унија и приблиѓувањето кон неа. Ова го договорија членките на Постојаната Работна Група за Регионален Рурален Развој на земјите од Југоисточна Европа, на Форумот за земјоделска политика за земјите од ЈИЕ, кој од 8 до 10 октомври се одржa во Босна и Херцеговина.
Македонската делегација, предводена од Бесир Јашари, државeн секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на првиот работен ден на Форумот, на министерите за земјоделство на земјите од Југоисточна Европа, претставниците од Европската комисија, Светската организација за земјоделство и храна при Обединетите нации и науката, ги презентираа националните програми за поддршка на земјоделството и руралниот развој и напредокот на Република Македонија во поглед на прилагодувањето кон Заедничката земјоделска политика на ЕУ.
Преку националните програми за поддршка, Министерството за земјоделство настојува ја јакне конкурентноста на земјоделскиот и прехранбениот сектор, како и развојот на руралните средини. Според Јашари, се подготвуваме и за искористување на петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош. Ова значи дека македонската влада работи на исполнување на европските критериуми и веќе воспостави соодветни услови за искористување како на националните така и на европските фондови.
Државниот секретар Јашари во обраќањето истакна дека регионалната соработка во областа на земјоделството и руралниот развој помеѓу земјите од Југоисточна Европа е механизмот за постигнување на развој на маргинализираните рурални погранични региони. Усогласувањето на активностите на ниво на политиките, воспоставување на линкови меѓу сите засегнати страни, како и преку заеднички проекти, според него, би можело да се придонесе за поголем развој и на пограничните рурални региони.
Влијанието на светската економска криза врз инвестициите во земјоделскиот сектор и производството на харана во ЈИЕ, беше тема за дискусија на работната сесија на Форумот. Регионалната соработка во полето на земјоделството и руралниот развој посочи Јашари е неминовност. Преку платформата на Постојаната работна група за регионален рурален развој Македонија ја интензивира регионалната соработка и врши континуирана размена на искуства меѓу министерствата, за развој на земјоделство во цела Југоисточна Европа. Министерството за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина беше организатор на Деветтиот форум за земјоделска политика за државите од Југоисточна Европа. Минатата година, Република Македонија го иницира формализирањето на работата на Постојаната работна група за регионален рурален развој на на државите од Југоисточна Европа (SWG). Во март 2008 година таа се регистрира како правен субјект на иницијатива на 13 министерства за земјоделство од 9 земји од регионот со седиште во Скопје. Активноститена SWG се поддржани од ГТЗ (Германска Техничка соработка), Инвент-капасити Билдинг Интернационал од Германија и од ФАО (Орагнизација за земјоделство и храна на Обединетите нации).
Постојаната Работна Група за Регионален Рурален Развој претставува платформа за поврзување и регионална соработка помеѓу влади, министерства и институции, организации и граѓанското општество вклучени во активности за развој на руралните региони, како и во креирање и имплементација на политика за рурален развој во земјите во Југо-Источна Европа. |