Реакција на Министерството за земјоделство на прес конференцијата на СДСМ

Дата на објава: 
30 Септември 2013

Ниту земјоделците се излажани, нуту Владата ги има оставено настрана, како што денес тоа го тврди СДСМ.

Партијата која производната земјоделска година ја сведува со “периодот за подготвување на зимница“ денес излзе со отварање на сериозна тема за која, благо речено е неупатена, а уште повеќе искрена.

Ниту пак наведените проценти се точни, уште помалку начинот на откуп и вкупно откупените количини пченица оваа година, до сега.

Уште помалку податоците за откупената количина во изминатите години. Тие воопшто ги немаат земено во предвид. А ниту им се познати.

Навистина е жално што и овој пат се потврдува дека „загрижените и стручни“ во СДСМ не соработуваат со производителите на пченица и овластените, односно регистрирани откупувачи на пченица за да ги добијат изворните информации за количината пченица од овогодишната реколта и вкупно откупената количина до сега.

Колку е политиката на Владата е погрешна, уште помалку популистичка, ниту  превземените мерки се кампањски и без резултат можат да дадат одговор самите земјоделци.

Укинувањето на мерката за условен увоз на пченица е донесено по барање токму на мелничарскиот сектор, а причината е во послабиот квалитет на домашната пченица и нејзино подобрување со увозна поквалитетна пченица. Целта е, секако тоа треба да им е познато на „добро упатените, загрижени и стручни“ во СДСМ подобрување на брашното како краен производ кој се пласира на домашниот пазар.

Во овој случај не станува збор за никакво изигрување на мелничарскиот сектор, напротив.

Истовремено ги упатуваме „загрижените и стручни“ во СДСМ на измените во Законот за квалитет на земјоделските производи со кој се регулира за пазарот на брашното и Правилникот за формата и содржината на барањето за издавање на контролната марка, формата и содржината на контролната марка, начинот на нејзиното издавање, формата, содржината и начинот на водењето на евиденцијата за издадени и искористени контролни марки за означување на брашното кое се става во промет и неговото стапување во примена од утрешниот ден.

Кој кого во овој случај доведува во забуна и кој ги манипулира земјоделските производители и мелничари?

Министерсвото за земјоделство и Владата или СДСМ?

Со оваа системска мерка директно се штити домашниот мелнички сектор и земјоделските производители на пченица, за што истите се запознати и непосредни учесници во нивното изготвување.

Господа „загрижените и стручни“ во СДСМ, тоа е начинот на работење на Министерството за земјоделство и Владата, директна, непосредна и искрена соработка со сите вклучени во производството на храна во Република Македонија.

Патем, само да потсетиме дека Владата вети и воведе мерки за условен увоз, но не и забрана, на пченица и брашно, меѓутоа токму хорското лицитирање за укинување од страна на „добро упатените, загрижени и стручни“ во СДСМ создаде продолжување на откупот на домашната пченица. Сето на штета на индивидуалните земјоделски производители.

Единствениот предлог од СДСМ е откуп на домашна пченица за стоковните резерви. И ништо повеќе од тоа!

Конечно, СДСМ пред извесно време директно се изјасни дека е потребно ревидирање на политиката на директна финансиска поддршка и укинување на субвенциите.

Прашуваме, дали има врв во дволичноста на СДСМ кон земјоделците?

Дали ги штитат интересите на земјоделците или веројатно бизнис интересите на нивни видни членови.