- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Средба на министерот Димовски со кинеска делегацијаDate of publication: 24 September 2013
Министерот за земјоделство Љупчо Димовски, денеска одржа состанок со кинеска делегација предводена од градоначалникот на градот Намчун, во провинцијата Фичуан, г. Xiang Dong и амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија г.Cui Zhiwei. Провинцијата Фичуан претставува една од најразвиените провинции во делот на земјоделството, посебно во сточарството и одгледувањето на свилени буби и производство на свила, од каде всушност доаѓа и името на главниот град Нанчун ( Престолнина на свилата).
На средбата, гостите изразија голем интерес за инвестирање на кинески компании во земјоделскиот сектор. Во Македонија се дојдени за поблиску да се запознаат со условите за инвестирање во сточарството, во преработувачката индустрија, во делот на преработки од месо и преработка на ориз, во производството на свила, а секако го истакнаа и македонското вино кое веќе станува препознатливо на нивниот пазар. Поради добрата местоположба на Република Македонија ги разгледуваат можностите за отварање на претставништа на кинески фирми во слободните економски зони.
Министерот Димовски рече дека Македонија е солиден произведувач на земјоделски производи. Бележиме континуиран пораст на производството и извозот на земјоделски производи. Со цел продлабочување на трговската соработка и унапредување на извозот на македонските земјоделско-прехранбени производи, со Народна Република Кина веќе е потпишан Меморандум за разбирање за понатамошна соработка во земјоделството и Протокол за фитосанитарни услови за извоз на тутун од Република Македонија во НР Кина, со што формално правно веќе е овозможена соработката во областа на земјоделството.
„Кинескиот пазар е најголем во светот, меѓутоа тоа е и многу пребирлив пазар, за кој е потребен квалитет кој ќе ги задоволи потребите на кинеските потрошувачи. Вашата идеја за присуство на кинески компании, кои ќе отворат свои претставништа во Македонија е одлична можност за вашите бизнисмени, затоа што Република Македонија претставува врата кон пазарот на Европската Унија, за кој сите закони во Република Македонија кои се однесуваат на областа на земјоделството се целосно усогласени со законодавството на Европската Унија. Исто така ја имате мојата поддршка за било која инвестиција во областа на земјоделството “ – истакна министерот Димовски.
На крајот на средбата, гостите упатија благодарност до министерот за гостопримството и за исцрпните информации според кои увидоа дека има уште многу области во кои може да се оствари соработка и ја изразија својата желба за повторна средба и инвестрирање во земјоделството. |