Соопштение

Date of publication: 
2 September 2013

Фактот што единствениот дежурно-„компетентен“ во СДСМ за состојбите во македонското земјоделство е пратеникот Ленче Николовска која воопшто не е член на оваа партија, и истата е со минато од политичката школа на фабрикување факти и даночни податоци од една исто толку „компетенетна и славна“ телевизиска куќа, самото по себе говори за капацитетот и на СДСМ, и давателот на услугите, во случајов посочената пратеничка.

Откупот на пченицата е при крај и тоа е така бидејќи податоците покажуваат дека во државата е веќе откупена најголемата количина на овогодишно произведство од овој стратешки прехрамбен производ - лебното жито. За разлика од исценираните кадри, министерството своите изјави ги темели на прецизните податоци од Државниот инспекторат за земјоделство кој секој ден ги собира податоците директно од самиот терен, и е во постојан контакт и со самите земјоделци и регистрираните окупувачи.

А тие земјоделците се сведоци на превртливоста на изјавите на СДСМ и пратеникот кој ги дава услугите на повикан да ги коментира состојбите во македонскиот аграр во име и корист на СДСМ. Ако до пред некој ден истите овие загрижени луѓе ја критикуваа владата за превземените мерки за заштита на пазарот како штетни за меѓународниот имиџ, сега тие жалат зошто овие мерки се повлекуваат. Очигледно е немањето на концепт и потребата за критика по секоја цена.

Владата својата принципелна поддршка на земјоделците преку континуираната финансиска помош која изнесува 3 и повеќе денари по килограм, регулирањето на пазарот со регистрирање на откупувачите,  превземените мерки за заштита на пазарот и со тоа заштита на трудот на земјоделецот, досега континуирано покажува искрена и максимална грижа во рамките на своите можности за македонскиот земјоделец, во услови кога сепак главниот регулатор на цените и откупот во државата е слободниот пазар. Ваквата реална посветеност е причина за загриженост на СДСМ и ангажираните даватели на услуги во нивно име, а не жетвата на житото и земјоделците.