Реакција на Министерството за земјоделство на соопштението на СДСМ

Дата на објава: 
21 Јули 2013

Изненадува нападното внимание кое СДСМ во последниве неколку дена го посветува на земјоделството. И нивната загриженост, доколку е вистинска, а во што ретко кој може да поверува.

Денес СДСМ реагира на ставот на Министерството за земјоделство и на Владата за ефикасно решавање на состојбата со откупот на пченицата.

И повторно СДСМ е глув на сите податоци и аргументи со кои денес Министерството излезе со јасна намера во реализација на откупот на пченицата.

Сметаме дека е потребно уште еднаш да им го повториме следново, на македонскиот пазар во изминатите 18 месеци се увезени 153.000 тони меркантилна пченица и 70.000 тони брашно од пченица или изразено во меркантилна пченица вкупно 250.000 тони.

Се прашуваме дали на почитуваните „стручни и загрижени“ во СДСМ воопшто им е познато за колкава количина станува збор.

Дали им познато дека оваа количина претставува еквивалент на безмалку две македонски жетви, а кога ќе се додаде и минатогодишната домашна реколта од пченица ќе се пресметаат огромни количини производ за кој е потребно да се најде решение.

Но ако некој „продолжува со погрешни и контрапродуктивни мерки за решавање на состојбата со откупот на лебното жито“ тоа е токму СДСМ со своето неуко разбирање на аграрните и пзараните политики. И нивното коментирање.

Речникот на реакцијата и опишувањето на состојбите секому му се многу добро познати, како и отвореното поттикнување на незадоволство кај производителите на пченица со кои Министерството е во постојан контакт.

И она што СДСМ го наведува во реакцијата на денешната прес конференција денес во Министерството јасно беше наведено дека инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство постапуваат согласно закон и изрекуваат соодветни казни за лицата кои на незаконски начин и со плаќање во готово ја откупуваат пченицата.

Меѓу другото СДСМ ниту го интересираат ниту пак знае за климатските услови кои имаат влијание за покасно започнување на жетвата во одредени региони на Република Македонија.

Но што всушност нуди СДСМ?

Откуп на 10.000 тони за Стоковите резерви, по цена од 15 Ден/кгр од земјоделци чија производна цена е повисока, без да се води сметка за квалитетот на пченицата која би се откупувала. Наводно со овој откуп би се регулирал пазарот. И толку.

Сето ова е одраз на тотално непознавање на актуелната ситуација и сосема погрешна перцепција за можно стабилизирање на пазарот.

Да потсетиме дека токму производителите на пченица и мелничарите беа единствени во барањето Владата да донесе одлука за условен увоз на пченица и брашно, како можност за стабилизирање на состојбата на пазарот и стекнување на услови за редовен откуп на пченицата. Со кого „стручните и загижените“ во СДСМ разговарале, од кого добивале информации останува нејасно.

Нејасно е и тоа како во услови на заштита на мелничкиот сектор со воведување на мерката за условување на увозот на брашно, кои ќе повториме за тоа самите доставија барање до надлежните институции, кога се овозможува откуп на домашната пченица со чија преработка во брашно би се активирал целиот сектор, би било на негова штета, односно за откупот тие би го сноселе најолемиот товар.

И повторно се актуелизира познатото барање за субвенционирана цена на нафтата, семе и ѓубрива...

Да потсетиме дека своевремено многу добро и нам, а и вам, ни се познати сите малверзации кои се случуваа со користењето на енергенсот за се, освен за земјоделски потреби.

Овој пат субвенциите не се споменати. Како ли се случило тоа

Почитувани „стручни и загрижени“ во СДСМ, вие сте најмалку повикани да се грижите за земјоделските проблеми затоа што немате право да им се обраќате на македонските земјоделци кои преку вашето работење ги оставивте на самото дно.

Дали со вашите „стручни совети и загриженост“ или без нив Владата и Министерството за земјоделство заедно со вистинските земјоделци и мелничкиот сектор ги решава проблемите на најдобар начин и во интерес на македонскиото земјоделство.