- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Реакција на Министерството за земјоделство на прес конференцијата на СДСМDate of publication: 17 July 2013Социјалдемократскиот сојуз на Македонија очигледно изненаден дека веднаш беа доставени на јавен увид сите детали од Договорот со ДПЗП Sahara Pure Eatables Corporation Limited ДООЕЛ, компанија основана од Сахара Индија Паривар, за долгогодишен закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, сега бара контроверзии таму каде што не може да ги најде. Транспарентноста на Министерството е секако доказ дека во овој случај, како и во другите активности кои ги спроведува согласно своите надлежности, нема што да крие, напротив. Договорот е склучен согласно постапките уредени со одредбите од Законот за земјоделско земјиште, додека обврските кои ги има превземено инвеститорот, сведоци сме дека во текот на овие денови започнуваат да се спроведуваат согласно предвидената динамика. Како и секој друг земјоделски производител во Република Македонија кој ќе ги исполни условите пропишани со годишните програми, ова земјоделско стопанство може да биде корисник на финансиска поддршка за земјоделството. Разликата во однос на изминатиот период е што, спротивно на очекувањата, односно надежите на СДСМ дека новиот закупец на земјиштето ќе „произведе исто колку што произвел АК Џумајлија“, Договорот го обврзува реално да инвестира „само“ 200 милиони евра во фарми со вкупен капацитет од 20.000 грла и во нов преработувачки капацитет годишно да произведе 75.000 т сточна храна и во нов капацитет капацитет за преработка на млеко да оствари 80.000 л производство на млеко на дневна основа во период до 3 години. Истовремено, инвеститорот, во согласност со Договорот, се обврзува да вработи 2.000 лица во следниот три годишен периот, а во согласност со утврдената динамика на активности за следните 18, 27 и 36 месеци. Како пред тоа функционираше АК „Џумајлија“ со претходните сопственици, кои покрај другото се познати како блиски соработници на претседателката на собраниската Комисија за земјоделство, многу добро им е познато на македонските граѓани. Поразителните ефекти се видливи во постапките на ликвидацијата и тековниот судски спор и секако во распродажбата на капацитетите на комплексот кој беше еден од поголемите во македонскиот аграр. Со задоволство ќе се обидеме на загрижувачки неупатените во СДСМ повторно да им објасниме повеќе факти. Suhbinder Singh Heer е управител на ДПЗП Sahara Pure Eatables Corporation Limited ДООЕЛ од Скопје, компанија која е основана од Сахара Индија Паривар. Дејноста на регистрираната фирма ДПЗП Sahara Pure Eatables Corporation Limited ДООЕ е во рамките на бараната дејност- земјоделско производство и преработка на земјоделски производи, согласно Законот за земјоделско земјиште. Согласно Законот за трговски друштва фирмата ДПЗП Sahara Pure Eatables Corporation Limited ДООЕЛ е регистриарана со влог од 5.000 евра кои има можност да ги плати во рок од 1 година. Фирмата ДПЗП Sahara Pure Eatables Corporation Limited ДООЕ е компанија која до Министерството депонираше банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот во износ од 3 милиони евра, иако законот за истото не ја обврзува, што само го потврдува нејзиниот сериозен пристап во реализација на проектот. Понудувачот, односно закупецот ги има доставено сите потребни документи за учество во постапката за доделување на земјиштето под закуп и потребната банкарска гаранција во износ од 100 илјади евра. Доколку господата од СДСМ присуствувале на јавното отварање (местото и времето на јавното отварање беше објавено во самиот јавен Оглас) би биле изворно информирани за сите детали околу постапката која во целост е спроведена согласно закон. Висината за концесискиот надометок е во рамките на законските износи за земјоделско земјиште од I-IV и V-VIII класа. На СДСМ секако им е познато дека и претходниот закупец АК „Џумајлија“ беше обврзан да плаќа дури и помал износ, кој во целост беше наплатен од страна на МЗШВ до раскинување на Договорот за концесија. Доколку се споредат податоците за земјиштето во однос на износот на вкупната закупнина ќе се заклучи дека за земјоделското земјиште од I-IV класа закупнината изнесува над 25 евра/ха, а за катастратска класа од V-VIII закупнината изнесува над 15 евра/ха. Што значи дека во целост се запазени законските износи за висината на закупнина по катастраска класа. Имајќи ја во предвид површината која е издадена под концесија висината на концесискиот надоместок не е на штета на државните интереси. Исто така во Огласот на веб страната на Министерството за земјоделство се наведени сите катастарски податоци за земјоделското земјиште предмет на Огласот, а во Договорот истите се негов составен дел. Интересна е математичката гимнастика на СДСМ и повторно тотално непознавање на законската регулатива и Програмата за директна финансиска поддршка во земјоделството. За појаснување, за културите за кои е издаден договорот, под услов сите да се обработени, согласно овогодишната Програма, закупецот би добил максимално 85.000 евра, што е далеку од износите кои СДСМ ги наведува, односно тоа би било 10% од вкупниот износ на субвенцијата. Секако услов е закупецот да аплицира за субвенции. Воедно прашање до СДСМ е под кои услови до 2006 година тие ги потпишувале договорите за закуп на 30 и повеќе години на огромни земјоделски обработливи површини? Во завршните одредби од Договорот е предвидена јуриздикцијата на македонското право, а двете страни се запознати со Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Република Индија. Наводната загриженост на СДСМ за склучениот Договор ја разбираме и ја сваќаме како дел од нивниот страв од вкупните ефекти од неговата реализација и желбата по секоја цена сите позитивни трендови во македонското земјоделство да се закочат или да се сведат на состојбите до 2006 година до кога истите тие покажаа колку вистински се загрижени за земјоделските политики и проблеми. |