- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Потпишан меморандум за разбирање во областа на земјоделството помеѓу Р.Македонија и Р.ТурцијаДата на објава: 27 Јуни 2013Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски и министерот за храна, земјоделство и сточарство на Република Турција, г. Мехди Екер денеска во Анкара, потпишаа Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција за соработка во областа на земјоделството. Пред потпишувањето на меморандумот двајцата министри одржаа билатерален состанок. На заедничката прес конференција министерот Екер рече дека Балканот и земјите во него за Турција претставуваат порта кон Европа и оттаму големото значење кое го има Балканот за нивната земја. Тој истакна дека е потребно да се зајакнат меѓусебната соработка помеѓу овие земји и Турција а од посебно значење ја истакна соработката со Република Македонија и напома дека по осамостојувањето Република Турција секогаш ги поддржувала интересите на Република Македонија во сите области на развојот. Истовремено Министерот Екер напомена дека двете држави во сите области ја имаат зајакнато меѓусебната соработка а доказ за тоа е тоа што во 2012 година меѓусебната тргосвка размена изнесува околу 378 милиони долари додека соработката во земјоделстово изнесува 27 милиони долари. Со потпишувањето на овој меморандум за разбирање ќе се поттикнат сите области односно под сектори во земјоделството а со тоа ќе имаме и подобри резултати. Во врска со поддршката кон Република Македонија, Екер истакна дека оваа поддршка ќе продолжи и во иднина а особено техничката поддршка. Со овој договор што ќе се потпишеме ќе се формира комитет за управување во земјоделството кој во иднина редовно ќе се состанува за разгледување на моменталната состојбата како и носење на одлуки кои ќе се спроведуваат. Министерот Димовски му се заблагодари на министерот Екер за досегашната поддршка и напомена дека двете земји имаат заедничко минато кое ги поврзува а особено го истакна фактот дека Република Турција е земја пример кој многу бргу се развива, посебно во областа на земјоделството од каде може многу да се научи. Тој рече дека со потпишувањето на овој договор ќе се придонесе за подобри меѓусебни односи. Согласно меморандумот, истакна министерот Димовски соработката меѓу двете земји ќе се реализира во областа на растителното производство, производството и обработката на суров тутун во лист, сточарството, рибарството и аквакултурата, органското земјоделско производство, прехранбената индустрија, истражувањето, руралниот развој, шумарството како и други области. Оваа соработка ќе се реализира преку размена на искуства, информации, експертска помош, студиски престој и стручни обуки, семинари, симпозиуми, саеми и конференции, но и во други форми на техничка соработка. . |