- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Министерот Димовски присуствуваше на првиот меморијален Куп на Македонија во спортски риболовDate of publication: 28 April 2013Во Дојран денеска се одржа првиот меморијален Куп на Македонија во спортски риболов, во дисциплината ловење крап. Натпреварот што се одржа на езерцето „Истатов“, а на кој учествуваа 11 екипи, го следеше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. Тој изразувајќи благодарност до организаторите на Купот, им ги додели наградите на најдобрите екипи и поединци и најави дека преку програмите на министерството ваквите активности секогаш ќе се поддржуваат. Околу еден милион денари министерството за земјоделство шумарство и водостопанство ќе одвои за порибување на дојранското езеро со крап но и со другите автохтони видови риба. На тој начин од една страна ќе се збогати рибниот фонд, а од друга ќе се создадат многу подобри услови за развој на спортскиот риболов вели ресорниот министер Љупчо Димовски. Според него спортскиот риболов може да биде еден од начините за промоција на огромното природно богатство со кое располага Македонија и токму затоа истиот зазема значајно место во програмите на министерството. „Тоа е една високодоходовна дејност за разлика од класичниот туризам. Спортскиот риболов, односно спортскиот туризам е една туристичка атракција која што пред се врзува ограничен број на корисници, меѓутоа тоа се корисници кои што знаат повеќе да потрошат за разлика од класичните туристи“ рече министерот Димовски. Од Риболовната федерација велат велат дека позитивниот пример на Словенија во оваа област слободно може да се примени и кај нас бидејќи имаме и потенцијал, а и поддршка од министерството. ,, Таму веќе имаат дефинирано дека риболовниот туризам носи 2,5 пати повеќе приходи во државата отколку останатиот туризам во земјата“ вели проф. д-р Васил Костов – претседател на риболовна федерација Потврда за идеалните услови за развој на руралниот туризам преку спортскиот риболов даде и успешната организација на првиот меморијален куп на Македонија во спортски риболов. Кон средината на идниот месец Дојран ќе биде домакин и на државното првенство во спортски риболов. |