- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Министерот Димовски на состанок со министерите за земјоделство од регионотDate of publication: 5 March 2013Во Белград денеска се одржа средба на министерите за земјоделство од регионот, на кој се дискутираа заедничките прашања поврзани со безбедноста на храната.
На состанокот присуствуваа министрите за земјоделство на Македонија, Љупчо Димовски, Србија, Горан Кнежевиќ, Хрватска Тихомир Јаковина, на Република Српска, Мирослав Миловановиќ и министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина Мирко Шаровиќ.
-Ова беше многу конструктивен состанок, на кој разгледувавме повеќе теми од областа на безбедноста на храната. Разговаравме и за проблемот со зголемената количина на афлатоксин кој е не само регионален туку и поширок проблем. Меѓутоа македонското законодавство е прилагодено на законодавството на Европската Унија и дозволеното ниво на афлатоксини во млекото кај нас како и во ЕУ е 0,05. Нашите служби вршат редовни контроли на сточната храна и во самите млекари и досега немаме откриено зголемено количество на афлатоксини во домашното млеко - изјави министерот Димовски по состанокот.
Исто така на состанокот се донесоа и неколку заклучоци меѓу кои да се зголемат контролите на сточната храна и млекото, да се заостри нивото на хигиенските услови во складиштата каде се чува сточната храна, да се подобри комуникацијата помеѓу стручните инспекциски служби во регионот како и да се одржуваат редовни состаноци со сите министри од регионот на кои ќе се разменуваат искуства и ќе се решаваат тековните проблеми. Наредниот состанок ќе се одржи за еден месец во Сараево на кој ќе присустваат и директорите на институциите кои се одговорни за безбедноста на храната. |