- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Состанок на министерот Димовски со неговиот босански колега ШаровиќDate of publication: 27 February 2013За време на својата посета на БиХ, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски одржа состанок со министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Мирко Шаровиќ. Министерството за надворешна трговија и економски односи покрива земјодество преку помошник министер кој е одговорен за земјоделство, а ентитетите имат свои министерства за земјоделство На состанокот освен министерот Шаровиќ присуствуваа и Директор на Управа за ветеринарство, д-р Сејад Мачкич, помошник министерот одговорен за земјоделство Душан Нешковиќ и директорот на Фитосанитарната управа. Министерот Шаровиќ, посака добредојде на македонската делегација и иако поводот за посетата на министерот Димовски е одбележување на деветгодишнината од смртта на председателот Борис Трајковски, сепак изрази задоволство за можноста да се оствари и заедничка средба. Тој истакна дека имаат проблем во однос на формирање на платежна агенција, претставува потешкотија донесувањето на одлука колку агенции да се формираат со оглед на структурата на земјата. Затоа се уште немаат отпочнато процес за формирање на Платежна агенција, но сепак како земја ги користат ИПА фондовите. Помошник министерот одговорен за земјоделство, Нешковиќ се осврна на успехот на Македонија во креирањето на добра земјоделска политика, која дава конретни резултати, имено за многу кратко време извозот на земјоделски производи достигна пола милијарда евра, а и производството исто така двапати е зголемено. Тие би сакале да го споделат нашето искуство и побараа поддршка во делот на воведување на европските земјоделски политики, на што министерот Димовски изрази подготвеност да се помогне од македонска страна. Помошник министерот, Нешковиќ исто така посочи дека кај нив постои неусогласеност во однос на правилата и закоодавството на доделување на субвенции меѓу ентитетите, но процесот на прилагодување на законодавството и приближување кон Европската Унија неминовно ќе бара нивно најбрзо усогласување. На состанокот беше иницирано потпишување на меѓудржавен пртокол со цел за поедноставување на трговијата меѓу двете земји и усогласување на процедурите за увоз-извоз. Босна и Херцеговина последниве две години претседава со ЦЕФТА и двајцата министри дискутираа за последиците за земјите членки на ЦЕФТА од влезот на Хрватска во Европската Унија. Директорот на Управата за ветерина додаде дека наскоро сака да организира состанок на директорите на сите институции од регионот кои се надлежни за процена на ризикот, со цел да заеднички да се направи процена на ризикот на млекото и сточната храна, како и да се усогласат процедурите за процена на ризик во регионот, со цел за избегнат ситуации како оваа која во моментот се случува. Директорот на Фитосанитарната Управа истакна дека воведуваат нов систем на одобрување на препарати за заштита на растенија, за што побара да дојдат кај нас и да ги споделат искуствата од нашата Фитосанитарна управа во делот на законодавството и усогласувањето со легислативата на Европската Унија. За крај двајцата министри изразија задоволство од средбата и истакнаа дека оваа успешна соработка помеѓу двете земји треба да продолжи со посебен акцент на Постојаната работна група за рурален развој (SWG) со која секоја година се одржуваат редовни министерски состаноци на министрите за земјоделство од регионот и се разговара за политиките во делот на земјоделството и руралниот развој. |