Министерот Димовски на средба со членките на потсекторските групи за овошје и зеленчук

Дата на објава: 
20 Февруари 2013
DSC_0172.JPG

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во наредниот период посебно внимание ќе посвети на преработувачкиот сектор, кој треба да биде катализатор на кооперативното здружување и главен фактор во прибирање на пазарните вишоци од овошје и зеленчук во Македонија.

 

Ова беше наглсено на денешната средба во Струмица на членките на потсекторските групи за овошје и зеленчук, на која беа разгледани тековните програми за поддршка, а на која учествуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,  Љупчо Димовски.

 

Министерот Димовски истакна дека овие средби со подсекторските групи добра можност за директна комуникација на производителите и преработувачите, како важна алка во синџирот на македонскиот аграр. Инаку, средбата се одржа во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, АгБиз програмата на УСАИД и ЦеПро САРД.

 

- Убаво е што на почетокот од оваа реколтна година, претставниците на подсекторските групи за овошје и зеленчук на ваквите средби директно учествуваат во креирање на финансискиот дел од двете програми за поддршка на земјоделлството во Македонија.Предлозите кои доаѓаат од овие подсекторски групи се добредојдени во подготовката на програмите за периодот од 2014 до 2017година, а воедно се коректор на програмите за оваа година, рече ресорниот министер.

 

Во делот на преработувачкиот сектор, рече Димовски, оставаме простор за договор помеѓу производителите и преработувачите, кои одлучуваат и за висината на субвенциите по килограм продадено и преработено производство.

 

Министерот Димовски на денешната средба истакна дека и понатаму останува поддршката и субвенционирање на подигање на нови овошни и лозови насади, кои сега преминуваат во програмата за рурален развој.

 

За Драги Памуков ,директор на ЗЗ Вега-Фреш од Куклиш, ваквите работни средби во секторските подгрупи со преработувачите се можност плус за разгледување на програмите и вметнување на предлози и решенија во годинашните програми за поддршка на земјоделството