- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Министерот Димовски оствари работна средба со г. Јан Јубан претставник на Меѓународната организација за вино.Date of publication: 13 February 2013Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денес во просториите на министерството оствари работна средба со г. Јан Јубан , асистент на Генералниот директор на Меѓународната организација за вино.
Меѓународната организација за вино со седиште во Париз, Франција е најголема организација која се занимава со вино, брои 45 членови од различни земји и сите одлуки во организацијата се донесуваат со консензус.
г. Јубан истакна дека е многу важно Македонија да биде активен член на Меѓународната организација за вино, што понатаму би значело многу важен чекор за нејзиното придружување кон земјите на ЕУ.
Министерот Димовски го подели истото мислење, напоменувајќи дека моменталната состојбата во македонскиот вински сектор е можне добра. Извозот на македонското вино на странските пазари бележи континуиран раст. Тој истакна дека 2011 година беше забележана како рекордна година по пласманот на вино во последните 20 години, а трендот на извоз на вино и понатаму расте. Одлични резултати се постигнати и во минатата 2012 година во која извозот на виното е зголемен, а веќе целата квота за извоз на наливно вино на земјите од Европската Унија заклучно со четврти февруари е исполнета. Политиката на Министерството се движи во насока на давање континуирана поддршка на земјоделците за одгледување винова лоза, подигнување на нови лозови насади, поддршка за трпезно и виско грозје и секако, поддршка за маркетинг на странските пазари. Имено, Новите измени за Законот за вино се веќе направени во насока на поврзување на винариите, односно сите производители на вино се членови на Македонската асоцијација на производители на вино.
Официјален претставник во Меѓународната организација за вино ќе биде претставник од Mинистерството, а секако ќе има и уште еден претставник од производителите на вино.
Г. Јубан истакна дека извозот на вино е многу важен за една земја, и затоа Меѓународната организација за вино може да пружи голема поддршка, а воедно и би можело да се организира дегустација на македонско вино во Париз, и тоа би бил убав начин за промоција. Во периодот од 4 – 16 март Меѓународната организација за вино ќе одржи состанок од научен и технички аспект, а во јуни 2013 година ќе се одржи 36-тиот Светски конгрес за вино, во рамките на кој Меѓунарната организација за вино ќе го одржи 11-то Генерално собрание во Букурешт, Романија, за што г. Јан Јубан напомена дека би било добро и Македонија да има свој претставник.
Според предвидената програма г. Јубан денес ќе ги посети винариите Сковин, Стоби, Бовин, Сковин и Тиквеш, а на 14 февруари со министерот Димовски ќе присуствува на церемонијата на закројување на лозје во винариите Тиквеш и винаријата Стоби. |