Министерството за земјоделство продолжува со финансиската подршка за претставување на фирмите на саемите за земјоделство

Дата на објава: 
11 Февруари 2012
DSC04056.jpg

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија согласно програмата за поддршка на извозот на македонски производи обезбеди финансиска подршка од 40 илјади евра за простор и  штанд од 56м2 за македонски компании производители на вино кои учествуваат на престижниот меѓународен саем за пијалоци „ПРОДЕКСПО 2013“ кој почнува денес а ќе трае  до 15 февруари. Организацијата на штандот и учеството на компаниите е во заедничка соработка со Македонска Руска Стопанска Комора.

 

Саемот ПРОДЕКСПО е еден од најголемите саеми во Руската Федерација во последните дваесет години. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија втора година по ред го поддржува учеството на саемот со национален штанд. Ваквата одлука е врз основа на барањето на компаниите, според кои веќе по првата година се почувстуваа конкретни резултати во смисла на потпишани договори со руски партнери. Во 2012 година саемот беше посетен од 94.634 лица. На саемот имаше 1407 изложувачи од кои 704 меѓународни и вкупно 64 национални штандови.

 

Оваа година на саемот свое учество на националниот штанд на Република Македонија имаат компаниите Винарија Тиквеш“ – Кавадарци, Винарија „Сковин“ – Скопје, Винарија „Стоби“ – Градско, Винарија „Далвина, Струмица, Винарија „Шато Камник“ – Скопје и Винарија „Винар“ – Скопје.

Прв саем на кој се претставија фирми од Македонија со подршка од Министрсрвото за земјоделство беше саемот за свежо овошје и зеленчук „ФРУТЛОГИСТИКА“ (FRUITLOGISTIC) кој се одржа во периодот од 6 до 8 февруари 2013 година во Берлин.

Министерството за земјоделство останува и понатаму на својата определба за континуирана подршка на фирмите за нивно претставување на светските саемски манифестации.