Прва презентација на дел од реализираните проекти за индиректна поддршка на земјоделството за 2008 г.

Date of publication: 
26 November 2009
perica 1.jpg

Во министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство се оддржа првата презентација на дел од реализираните проекти за индиректна
поддршка на земјоделството за 2008 г.Минатата година од општите мерки од Програмата за финансирање на земјоделството финансиски беа поддржани и реализирани 43 проекти со вкупна вредност од околу 10 милиони денари од областа на едукацијата, научни истражувања,  здружување на производителите и организирање на повеќе агро-манифестации.

 

Почнувајќи од лани, трошењето на средствата за општите мерки е многу потранспарентно, со јавен повик на кој се јасно дефинирани областите за кои потенцијалните апликанти може да се јават. Таа практика продолжува и оваа година, истакна заменик - министерот за земјоделство Перица Иваноски кој присуствуваше на презентацијата.

 

Денеска беа презентирани пет проекти и тоа:

 

1.    Програма за учење и промоција на ФФРМ со цел приближување на фармерите до Европскиот пазар и начин на работа
2.    Мрежа на машински кругови
3.    Проект за одржување на семинари и обуки на претставниците на Здруженијата на тутунопроизводителите во време на откуп на тутунот
4.   Оджување на земјоделието во овчеполието – младите во земјоделието
5.    Супер Фармер (компјутерска пресметка за економично земјоделство)