- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Работен состанок на министерот Димовски со претставници Групацијата за свињарствоDate of publication: 7 February 2013Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денес одржа работен состанок со претставници Групацијата за свињарство и Директорот на Агенцијата за храна и ветерина Дејан Рунтевски. На состанокот се дискутираше на повеќе теми и претставниците од групацијата дадоа конкретни мерки и предлози за подобрување на состојбата во свињарството. Како најголем проблем ги истакнаа високите цени на суровините неопходни за исхрана на животните и немањето на доволни количини од сточна храна, за што дадоа предлог да се отворат стоковите резерви со јачмен со што значително ќе им се олесни моменталната состојба. Исто така за да можата да склучуваат договори со полјоделците и да можат побргу да им ја платат жетвата дадоа предлог мерка за исплата на субвенциите за сточарите за 2012 година да биде до 30 април годинава, на што од министерот Димовскиим беше одговорено дека веќе се воведува динамика во исплатата на субвенциите и нивното барање ќе го земеме во предвид. Друг проблем кој го истакнаа е немањето на земјиште на кое би произведувале сточна храна со што всушност и долгорочно ќе го решат проблемот со набавка на сточна храна. И тука министерот Димовски истакна дека на јавни огласи ќе се дава земјоделско земјиште кое ќе биде наменето само за сточарите и исклучиво за производтво на сточна храна. На крајот на состанокот се договорија министерството да изготви информација со која ќе информира на наредниот Економскиот совет на кој би присуствувале и претставниците од групацијата за свињарство за да и таму ги изложат своите барања, со што всушност ќе се овозможи и побрзо решавање на нивните проблеми. |