- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Декларација донесена на на 5-тиот самит на министри за земјоделство во БерлинDate of publication: 22 January 2013На на 5-тиот самит на министри за земјоделство во кој се одржа во Берлин, од страна на министрите за земјоделство се усвои следнава декларација.
Предизвици
2. Да се земе предвид потребата да се задоволи побарувачката на храна од страна на 9 милијарди луѓе во 2050 година и да се нагласи дека земјоделското производство треба значително да се зголеми, со нето просечни годишни инвестиции во земјоделството на земјите во развој во износ од барем 83 милијарди долари, согласно проценките на ФАО; 3. Да се потсетиме на обврските преземени од страна на меѓународната заедница за време на разни форуми – како на пример Светскиот самит за обезбедување доволни количини на храна 2009 - за да обезбедиме доволно храна на глобално ниво и да ги постигнеме целите на Милениумските Цели за Развој 1; 4. Да се даде признание на заложбите направени од страна на многу земји во развој, особено во Африка, за зголемување на финансиската поддршка за земјоделскиот сектор во нивните буџети и напредокот кој е постигнат до сега. Да се даде потврда на прогресот на африканските земји во имплементацијата на Сеопфатната програма за развој на земјоделството во Африка; 5. Повторно да се потврди фактот дека глобалното затоплување и опустинувањето, како и урбанизацијата на земјоделското земјиште, негативно влијаат врз производството на основни прехрамбени производи, особено во земјите во равој; 5. Да се нагласи потребата за развивање соодветни стратегии за да се ублажи и да се совлада кризата со храна, поточно во врска со нејзиното влијание врз најчувствителните групи на популцијата; 6. Да се признаат одредени специфики на малите економии и спецификите на оддалечените островски држави, кои имаат мал или никаков економски развој, кои се наоѓаат далеку од главните пазарни центри, и се чувствителни и изложени на ефектите од климатските промени; 7. Да се земе предвид дека одгледување култури кои не се користат во исхраната би можело да влијае на обезбедувањето доволни количини храна; 8. Да се забележат влијанијата (ефектите) од зголемената непостојаност на цените врз земјоделските стопанства и дека ефектите од непостојаноста можат да го отежнат одржливото инвестирање.
Со цел да се зголеми земјоделското производство и приходите, да се потенцира потребата за зголемување на одговорни јавни и приватни инвестиции, меѓу другото, во следниве области: одржливо земјоделство, вклучувајќи интензивирање, рурален развој, управување со земјиштето и водите и руралната инфраструктура, земјоделски синџири на вредности и урбано-руралните врски, оодветен транспорт и капацитети за складирање, ефикасна био-сигурност и ветеринарни и фитосанитарни контроли во склад со правилата за ЅРЅ како и соодветни технологии со кои особено ќе се намалат загубите и скапувањето на храната по жетвата;
10. Имајќи предвид дека обезбедувањето на доволно храна и руралниот развој се прашања за социјална стабилност и национална безбедност, затоа треба повторно да се потврди суверенитетот и одговорноста на земјите да усвојат прогресивни економски политики кои водат кон одржлив, сеопфатен и рамноправен економски раст и одржлив развој, особено во земјоделството; и да се развијат стратегии за справување со кризата со храна;
исто така да се признае улогата на инвестицијата како катализатор во јавните добра, која може да создаде соодветни услови за земјоделците и другите инвеститори, и
да се забележи дека Рамковната политика за инвестиции во земјоделството на Организацијата за економска соработка и развој може да ги поткрепи напорите на земјите-домаќини кои се насочени кон подобрување на рамковните услови за инвестиции во земјоделството;
13. Да ја земат во предвид централната улога на земјоделците како инвеститори во земјоделскиот сектор, да се заложат за зајакнување на вештините и способностите на малите земјоделци, поточно, да го олеснат нивниот пристап до капитал и финансиски услуги, за нив да се обезбеди траснсфер на технологии, да се обезбедат информативни услуги, да се промовира подеднаков пристап до природните извори и да се поддржат земјоделците во нивното самоорганизирање, за да создадат ефикасност и добивка во продуктивноста;
14. Повик за инвеститорите, меѓу другото,
15. Прифаќајќи го фактот дека големите инвестиции нудат можности, но исто така создаваат и одредени ризици, апелираме на одредена заштита, праќаме повик овие инвестиции да бидат структурно цврсти, општествено корисни и еколошки одржливи, и да ги олеснат консултациите помеѓу инвеститорите и заинтересираните странки
17. Ги повикуваат партиите да го поддржат понатамошното елаборирање на ФАО – ’Меѓународни насоки за обезбедуваење мали рибници“.
|