Продолжува успешната соработка со министерствата за земјоделство од регионот

Date of publication: 
18 January 2013
20130118_153327.jpg

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчo Димовски на првиот ден од меѓународниот саем за храна, земјоделство и хортикултура „Зелена недела“ одржа билатерални средби со своите колеги, министрите за земјоделство од регионот кои беа присутни на саемот.

 

На средбата со словенечкиот министер за земјоделство и животна средина, Франц Боговиќ се разговараше за текот на реализацијата на билатералните договори во земјоделството, се дадоа можни проекти за идната година како и техничка соработка меѓу двете министерства.

 

 

На средбата со заменик министерот на Република Србија, Данило Голубович повторно се потврди успешната соработка помеѓу двете министерства. Заменик министерот Голубович побара од министерот Димовски техничка и институционална помош за вработените во српското министерство и нивната платежна агенција, на што министерот Димовски целосно ја даде својата подршка.

 

 

Исто така во текот на денешното попладне министерот Димовски се сретна и со своите колеги министрите за земјоделство на Хрватска и на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Тихомир Јаковина и Јерко Лијановиќ. И на овие две средби министрите разговараа за интензивирање и продлабочување на досегашната успешна соработка во земјоделството.

 

 

- „Имав навистина успешни средби со моите колеги министерот за земјоделство на Словенија, Србија, Хрватска и БиХ. Досегашната успешна соработка помеѓу нашите министерства продолжува и понатаму „ - истакна министерот Димовски.

 

 

Во текот на утрешниот ден министерот Димовски ќе учествува и на Самитот на министри за земјоделство, кој е дел од „Зелена недела“ Во фокусот на годинашниот Самит на министри ќе биде прифаќањето на фактот дека земјоделството игра клучна улога во исхраната на популација која на глобално ниво сè повеќе расте и дека е неразделно поврзано со искоренувањето на сиромаштијата, особено во земјите во развој, и ќе се стави акцент дека инвестирањето во одржливо земјоделство и рурален развој е од суштинско значење за да се оствари правото на соодветна храна.