- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
СоопштениеDate of publication: 28 November 2012Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство изразува жалење за одлуката на таканаречениот Иницијативен Одбор на оризопроизводителите и најавата „Масовен протест“ на оризопроизводителите закажан за утрешниот ден. Во оваа прилика Министерството посочува на невистините кои се изречени во соопштението, поврзани со, како што тие го нарекуваат „историски договор што го договорија Владата преку ресорното Министерство за земјоделство со оризопроизводителите и откупувачите .“ Потсетуваме дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вложи напори на иста маса да седнат претставници на оризопроизводителите од една страна и откупувачите на ориз, од друга страна за постигнување договор за формирање на просечна откупна цена од 20 денари за килограм за оризова арпа од овогодишната реколта. Притоа дефинираниот рандеман од 50% беше прифатен од двете страни, како единствени фактори на договорите. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја има улогата на посредник во обезбедувањето на добра волја и подготвеност за преговори и конечен договор за дефинирање на откупната цена, пред се на двете страни. Напоменуваме дека на неколкуте разговори во просториите Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство присуствуваа легитимните претставници на оризопроизводителите од Самостојниот синдикат на индивидуалните земјоделски производители на Македонија и Кластерот за ориз. Истовремено, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на многубројните средби со репрезентативните претставници на оризопроизводителите искажа безрезеврна поддршка за нивните барања и максимална заштите на нивните интереси. Како резултат на отвореноста на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и подготвеност за широка соработка со оризопроизводителите со заедничко учество се креираа сите мерки во директната финансиска поддршка и во дополнителната поддршка, како и во осздавањето простор за проширување на критериумите и условите со што се опфати и откупот на арпата и на белиот ориз, безусловно прифатени до страна на Владата на Република Македонија. Потврда за сето ова се неколкуте Измени на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за тековната година и можност на сите оризопроизводители да аплицираат за добивање субвенции. Тоа воопшто не претставува никаква фарса ниту нечие извисување или омаловажување. Дали овозможувањето на невообичаено издвојување на високи финансиски средства за поддршка на оризопроизводителите претставува омаловажување или сепак тое е јасна потврда на почитување на трудот на оризопроизводителите и разбирање за сите нивни проблеми. Доколку некој навистина сака да стави крај на манипулациите потребно е да ги пронајде причините за тоа. Тие секако не се во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, туку токму во оние кои упорно дневно политичките интереси ги ставаат пред интересите на земјоделците. Доколку станува збор за лакрдија, тогаш тоа повикот на протест е против Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а не кон откупувачите, од кои некои активно учествуваат во организирањето и поддржувањето на протестот, раководејќи се од сопствените материјални и политички интереси. Конечно, цврстото ветување кое Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го даде пред оризопроизводителите со реализирање на сите барања во Програмата за финансиска поддршка е целосно исполнето. Истовремено, согласно законските надлежности Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и институциите во неговиот состав вршат интензивни контроли на процесот на откупот на оризовата арпа, но и на сите вклучени фактори во производството на ориз, за што јавноста ќе биде известена. Тогаш ќе се изнесат сите лаги и сите манипулации од неодговорни и од разни побуди мотивирани лица кои работат на штета на производителите на ориз, потценувајќи го нивниот труд и нивниот интерес. Како и досега Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во целост ги поддржува и ги штити оризопроизводителите и сите земјоделци во Република Македонија. Сето тоа им е познато на сите вистински производители на ориз и вистински земјоделци. |