Соопштение за пријавување за полагање на испит за добивање на лиценца за проценител на тутун

Дата на објава: 
22 Ноември 2012

Пријавувањето на заинтересираните кандидати за испит за полагање заради добивање на лиценца за процена на тутун ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО СО 30 НОЕМВРИ 2012 година.

Испитот се полага пред комисија што ја формира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Заинтересираните кандидати заедно со пријавата (во која се наведуваат адресата на живеење и контакт телефон) за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутунот треба да ги приложат следните потребни документи:

 

1. Диплома за завршено високо, вишо или свидетелство за завршено средно образование од областа на технологијата за производство и обработка на тутун  или

2. Кандидатите кои немаат соодветно образование треба да приложат копија од М1/М2 Образец со податоци за работниот стаж и тоа:

-високо образование со две години работен стаж

-вишо образование со три години работен стаж или

-средно образование со четири години работен стаж.

За работното искуство во областа на технологијата за производство и обработка на тутун треба да се достави и потврда од фирмата.

3. Кандидатите кои немаат соодветно високо, вишо или средно образование кои се производители на тутун непрекинато најмалку последните пет години треба да приложат договор за производство и откуп на тутун или потврда од претпријатието со кое производителот склучувал договори за производство и откуп на тутун и документ за завршено образование.

 

Пријавата заедно со потребната документација се доставуваат најдоцна до 30.11.2012 година до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на адреса: улица "Ленинова" бр.2, Скопје 1000.

За трошоците, местото и датумот на одржување на испитот за полагање, заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат законските услови, дополнително ќе бидат известени.