Ј А В Е Н П О В И К бр. 07/12

Date of publication: 
21 November 2012

Врз основа на член 25-б од Законот за земјоделско земјиште (“Службен весник на Република Македонија” бр.135/07, 18/11, 42/11. 148/11 и 95/12), по Одлуката бр.22-12261/1 од 19.11.2012 година Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, објавува

 

 

Ј а в е н П О В И К    бр. 07/12

за доставување на понуди за давање во закуп

на земјоделското земјиште во државна сопственост до 10 хектари

I.  ПРЕДМЕТ НА јавниот ПОВИК

Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост за подигнати долгогодишни насади за времетраење од 30 (триесет) години за следните катастарски општини:

Регион Гевгелија, катастарска општина: Богданци

Регион Прилеп, катастарска општина:  Никодин, Ракле и Топлица

Регион Неготино, катастарски општини: Барово, Бесвица, Брусник, Џидимирци, Прждево, Неготино, Тремник, Корешница, Црвени Брегови и Демир Капија

Предмет на постапката од дел I став 2 на овој јавен повик може да биде само слободно земјоделско земјиште во државна сопственост врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп

Максималната површина на кој може да аплицира и да добие еден понудувач по овој јавен повик во однос на понудените катастарски парцели е 10 хектари.

Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето е:

- за подигнати долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) за период до 30 години;

 

 

II. ОБРАЗЕЦ ЗА УЧЕСТВО НА Јавниот ПОВИК (ПОНУДА)

Образецот за учество на јавниот повик (понуда), може да се подигне во подрачните единици на Министерството и истиот мора да се пополни со сите потребни  податоци и да се достави со потребната документација во затворениот коверт, во спротивно понудата нема да биде разгледувано.

 

III. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА јавниот ПОВИК

1) Право на учество на јавниот повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост до 10 хектари, имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.

2) Физичките лица од дел III ставот 1 од овој јавен повик, треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и/или запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства и/или да се трговец поединец на кои земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност.

3) Странските правни лица од дел III ставот 1 од овој јавен повик, имаат право да учествуваат на јавен повик доколку имаат регистрирано подружници во  Република Македонија.

4) На домашните и странските правни лица или нивните подружници земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност или земјоделското земјиште им е потребно за вршење на научно-истражувачки дејности.

5) Право на учество на јавниот повик и на поднесување на понуди во постапка со прибирање на понуди немаат лицата од дел III ставот 1 од овој јавен повик, кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина по претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

6) Право на учество на јавниот повик немаат правни лица за кои е отворена стечајна постапка, како и непрофитните организации.

IV. ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА ПОНУДУВАЧОТ Е ДОЛЖЕН ДА ЈА ДОСТАВИ СО ПОНУДАТА

1) Учесниците на јавниот повик за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост во закуп се должни да достават:

а) за правни лица:

- геодетски елаборат за кое се поднесува понуда за добивањево закуп (изработен од страна на трговец поединец овластен геодет или трговско друштво за геодетски работи со кој ги определуваат катастарските податоци со точни мери и граници на земјоделското земјиште во државна сопственост).

- понуда за износот на годишната закупнина (образец од подрачна единица на Министерството)

- доказ (акт) издаден од Централниот регистар на Република Македонија за извршениот упис во трговскиот регистар или од друг надлежен орган за упис на правните лица;

- доказ за намирени обврски по однос на придонеси на плати и плати за вработените (потврда издадена од Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, потврда издадена од Фонд за здравствено осигурување и уверение издадено од Управа за јавни приходи)

- бизнис план кој содржи  основни податоци за учесникот, целта за која ќе го користи земјиштето, применета технологија, број на вработени, пазарни аспекти, очекувани производно-економски резултати;

-  изјава (заверена на нотар) од основачите и одговорното лице во  правното лице дека не биле основачи или управители на правното лице кое користело земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, а кое не ги  исполнило обврските од тој договор и

- потврда од подрачна единица на Министерството дека нема обврски по однос на неплатена закупнина за користење на државно земјоделско земјиште

б) за физички лица:

- геодетски елаборат за кое се поднесува понуда за добивањево закуп (изработен од страна на трговец поединец овластен геодет или трговско друштво за геодетски работи со кој ги определуваат катастарските податоци со точни мери и граници на земјоделското земјиште во државна сопственост).

- понуда за износот на годишната закупнина (образец од подрачна единица на Министерството)

- доказ за подмирени јавни давачки;

- фотокопија од лична карта;

- програма за користење на земјиштето кое содржи основни податоци за семејството, техничко-технолошка опременост, целта за која ќе го користи  земјиштето, пазарни аспекти;

- потврда за упис во единствениот регистар на земјоделски стопанства, решение за регистриран вршител на земјоделска дејност (издадено од подрачна единица при Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство или од фондот за пензиско и инвалидско осигурување за стекнато својство на осигуреник како индивидуален земјоделец) или доказ од  централниот регистар за регистиран трговец поединец

- изјава за веродостојноста  на податоците дадени со понудата заверена на нотар;

- изјава заверена на нотар дека не бил основач или одговорно лице во правното лице кое користело земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, а кое не ги исполнило обврските од тој договор и

- потврда од подрачна единица на Министерството дека нема обврски по однос на неплатена закупнина за користење на државно земјоделско земјишт

 

2) Некомплетни и ненавремено доставени понуди на јавениот повик нема да се разгледуваат.

 

3) Потребната документација се доставува во оргинал или фотокопија заверена на нотар.

V. ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДАТА

Образецот за учество на јавниот повик (понудата) се доставува во еден оригинален примерок заверен и потпишан од понудувачот.

Секој понудувач може да достави само еден оригинален образец (понуда).

Понудите се поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот повик во дневниот печат, до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Скопје.

Понудата и другата документација се доставуваат во затворен коверт на кој во горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај, „Понуда по јавен повик 07/12 за земјоделско земјиште под закуп во регион (се впишува катастарската општина и регионот) и во средина Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ул.Ленинова бр.2 Скопје”

Ковертот не треба да содржи никаква ознака со која би можел да се идентификува понудувачот, односно  испраќачот.

VI. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ

1) Комисијата врши избор на најповолен понудувач врз основа на следните критериуми утврдени во член 25-б и 27 од Законот за земјоделско земјиште (“Службен весник на Република Македонија” бр.135/07, 18/11, 42/11. 148/11 и 95/12), и Правилникот за поблиските критериуми (“Службен весник на Република Македонија” бр.12/08 и 26/12)  и тоа:

- оддалеченоста на местото на живеење, односно седиштето на понудувачот во однос на земјоделското земјиште кое се нуди на јавниот оглас – 30 бодови.

понудена годишна закупнина по хектар – 25 бодови.

- правниот статус на понудувачот.– 30 бодови.

- видот на планираното производство.– 15 бодови.

Критериумот од дел VI. точка 1 алинеја 1 од овој јавен оглас значи дека одалеченоста на местото на живеење, односно седиштето на понудувачот во однос на катастарската парцела што се објавува се наоѓаат во иста катастарска општина.

Доколку понудувач е подружница на домашно правно лице се зема во предвид седиштето на правното лице кое ја основало подружницата;

Критериумот од дел VI. точка 1 алинеја 2 од овој јавен оглас се бодира согласно формулата – понудената годишна зкупнина по хектар поделена со највисоката годишна закупнина по хектар, помножена со максималниот број на бодови кои можат да се добијат согласно овој критериум.

Критериумот од дел VI. точка 1 алинеја 3 од овој јавен оглас се бодира за понудувач кој е регистриран вршител на земјоделска дејност и осигуреник во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување како индивидуален земјоделец, трговец поединец или правно лице кои ги исполнуваат условите од член 24 од Законот за земјоделско земјиште;

Критериумот од дел VI. точка 1 алинеја 4 од овој јавен оглас се бодира за понудувач кој аплицира за добивање на земјоделско земјиште во државна сопственост за подигнати на, долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ),

 

2) Најнискиот износ на годишна закупнина по хектар кој можат да го понудат заинтересираните понудувачи е просечната годишна закупнина во регионот за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп постигната во последните три години.

 

3) Најнискиот износ на годишна закупнина по хектар кој можат да го понудат заинтересираните понудувачи за:

Регион Гевгелија, 6.860,00 денари

Регион Прилеп, изнесува 4.300,00 денари

Регион Неготино, изнесува 6.800,00 денари

 

4) Доколку не се исполнети условите од дел I став 2 на овој јавен повик, Комисијата ќе ја отфрли таквата понуда како недопуштена.

5) Понудите кои не ја содржат целата потребна документација, кои се поднесени по истекот на рокот за поднесување, означен коверт со која би можел да се идентификува понудувачот, понуди помали од најнискиот износ на годишната закупнина, аплицирање на површини поголеми од максималните 10 хектари или се поднесени од лице кое нема право да поднесува понуди, како и понудите кои не се изработени според условите утврдени во јавниот повик, се отфрлаат како некомплетни.

VII. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на телефон: 02 313 44 77 или да ја посетат веб страницата на  Министерството  www.mzsv.gov.mk