- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Македонија и Унгарија ја интезивираат соработката во земјоделствотоDate of publication: 15 November 2012Продлабочување на односите во земјоделството и потпишување меморандум за соработка во оваа сфера договорија денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и унгарскиот министер за рурален развој Шандор Фазекаш.
Сточарството, биотехнолгоијата и производството на овошје и зеленчук, се секторите за кои постои најголем интерес од унгарска страна. Посебно битен сегмент, како што изјави Фазекаш по средбата, е заштитата на животната средина, но големо внимание ќе се посвети и на бизнис релациите, односно на реализирањето што почести, директни контакти меѓу стопанствениците од двете земји.
- Унгарија ги поддржува евроатлантските аспирации на Македонија, но дојде време да ја интензивираме и соработката во областа на земјоделството. Воедно постои можност преку Владата на Унгарија и ФАО, македонски експерти да добијат можност за дообразование на нашите факултети, рече Фазекаш.
Ова е негова прва официјална посета на Македонија, но трета средба со министерот Димовски.
- Веќе го реализиравме она што беше договрено на првите две средби. Во фокусот на соработката е, пред се, интензивирањето на размената, но за нас се секако многу битни и унгарските искуства за евроинтеграцискиот процес, нагласи министерот Димовски.
Унгарија годишно реализира околу шест милиони евра од извозот на земјоделски производи во Македонија кој е генерално сведен на житарки и месни производи, а увезува половина од оваа сума, најмногу зелечук и вино.
Димовски и Фазекаш по средбата во Министерството за земјоделство, го отворија македонско-унгарскиот бизнис форум што се одржува во Стопанската комора |