- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Средба на министерот Димовски со претставници на Корпорацијата Митцубиши од ЈапонијаДата на објава: 14 Ноември 2012Министерот за земјоделство Љупчо Димовски, денеска одржа состанок со Генералниот менаџер на Корпорацијата Митцубиши - Јапонија, Хирохару Окамото, задолжен за Европа, Африка и Средниот Исток. Корпорацијата Митцубиши претставува глобално интегрирана бизнис компанија што развива и работи бизниси во речиси секоја индустрија, вклучувајќи индустриски финансии, енергија, метали, машини, хемикалии, храна и бизниси кои вклучуваат заштита на животната средина. Со повеќе од 200 канцеларии и филијали во околу 90 земји во светот и мрежа од над 500 компании од групата, Корпорацијата Митцубиши вработува мултинационална работна сила од околу 60.000 луѓе. На средбата, гостите изразија голем интерес за вложување во земјоделскиот сектор. Во Македонија се дојдени за поблиску да се запознаат со условите за инвестирање во млечната индустрија, откупно дистрибутивните центри, како и во преработувачката индустрија, во сушење на земјоделски производи, сечење и брзо замрзнување на истите. Министерот Димовски рече дека Македонија е солиден произведувач на земјоделски производи. Бележиме континуиран пораст на производството и извозот на земјоделски производи. Поради поволните климатски и почвени услови, истакна министерот Димовски, во Македонија за разлика од другите земји во регионот се произведуваат раноградинарски производи кои се препознатливи и на Европските пазари, а тоа пред се се должи на строгата фитосанитарна контрола и на употребата на современи агротехнолошки мерки. Исто така нашата земја е голем произведувач и на јаболка, праски, кајсии и цреши, производи кои во најголем дел се извезуваат на пазарите на ЕУ, а во последните неколку години и на Рускиот пазар каде се бележи нагло зголемување на извозот. „Во последниве години активно работиме и на подигнување на преработувачкиот сектор кој претставува катализатор за вишокот на земјоделски производи, а исто така и на отварањето на нови откупно дистрибутивни центри, кои се потребни кај нас, затоа што во Македонија земјоделските стопанства во просек се мали и немаат доволни количина за сами да излезат на пазарот. Затоа ние како Влада и министерство за земјоделство каниме компании кои би отвориле откупно дистрибутивни центри, а тоа е добро и за самите фармери бидејки ќе можат да го договорат и да го продадат своето производство“ – истакна министерот. Министерот Димовски истакна дека министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е обврзано да ги почитува за високите стандарди во законодавтвото на Европската Унија, бидејќи сите закони во Република Македонија кои се однсеуваат на областа на земјоделството се целосно усогласени со законодавството на Европската Унија. На крајот на средбата, претставниците на Корпорацијата Митцубиши упатија благодарност до министерот за гостопримството и ја изразија својата желба за повторна средба и инвестрирање во земјоделството. |