- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Ќе се даваат во закуп 5140 ха државно земјоделско земјиштеDate of publication: 12 November 2012Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство денеска објави јавен оглас за давање во закуп на државно земјоделско земјиште во регионите Куманово, Прилеп, Прилеп, Св.Николе, Велес, Кочани, Ресен, Струга, за вкупна површина од над 5140 ха. Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето е: - подигање на маслинарници за период до 50 години; - подигање на долгогодишни насад (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години; - спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години; - рибници за период до 20 години; - одгледување на други земјоделски култури за период до 15 години; - ливади за период до 15 години. Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и да се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. На огласот можат да аплицираат и трговци поединци, но, услов е ним земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност. Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавниот оглас доколку имаат регистрирано подружници во Република Македонија. Лицата кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина за претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост немаат право да учествуваат на огласот, исто како и правните лица за кои е отворена стечајна постапка. Законска можност да аплицираат за овој оглас немаат ниту непрофитните организации. Заинтересираните физички и правни лица со апликацијата, должни се да достават и понуда за износот на годишната закупнина. Понудите по овој јавен оглас заинтерситаните треба да го достават до Министреството за земјоделство,шумарство и водостопанство во рок од 20 дена од денот на објавувањето на истиот. Заинтересираните субјекти увид во податоците за секоја површина од земјоделското земјиште кое се нуди со овој оглас можат да извршат на огласна табла во подрачната единица во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство во Гевгелија, која е надлежна за огласената површина. Образецот за учество на јавниот оглас заинтерсираните субјекти може да го подигнат во подрачните единици на Министерството. За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на телефон: 02 313 44 77 или да ја посетат веб страницата www.mzsv.gov.mk, на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Површини за оглас - Превземи (56MB) Додаток за превземање: |