- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Во Градашорци, Струмичко се одржа манифестацијата „Ден на празот“Дата на објава: 11 Ноември 2012Во организација на општина Василево, а под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска во селото Градашорци по петти пат се одржа манифестацијат „Ден на празот“.
Учесниците и гостите на годинашнава манифестација ги поздрави министерот за земјделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, кој истакна дека ваквите манифестации се вистинско место за средба на производителите и трговците со цел склучување на договори за пласман на овој зеленчук, но и убаво место за дегустација на многу вкусни јадења, кои домакинките од Градашорци ги прават од празот.
- Задоволни сме што оваа манифестација прераснува во традиција и е во функција на здружување и размена на искуства и идеи. Министерството за земјоделство во општина Василево има партнер за плодни соработки и иницијативи. Ние ги слушаме желбите на земјоделците и ќе најавам дека идната година Министерството за земјоделство ќе отвори подрачна единица во Василево, со цел услугите и потребите, кои земјоделците ги бараат од Министерството да им бидат поблиску, рече министерот Димовски.
За градоначалникот Ванчо Стојанов, манифестацијата „Ден на празот“ стана бренд со свое лого и препознатливост. - Ова како и останатите манифестации, општина Василево ги организира и поддржува заедно со локалниот бизнис со цел полека да го развиеме руралниот туризам. Слободно ќе кажам дека градашорскиот праз со својот квалитет стана наш бренд и препознатливост. Освен домашни, овде ќе сретнете трговци и од соседните земји Бугарија и Грција, а наша идеја е пазарните вишоци да бидат суровина за преработувачките капацитети за кој општината веќе урбанизира индустријска зона, рече градоначалникот Стојанов.
По богатата културно-забавна програма во која настапија учениците од училиштето „Гоце Делчев“ од Василево и гостите од збратимената општина Струмјани од Бугарија, посетителите и гостите дегустираа од јадењата и специјалитетите од праз, кои ги подготвија вредните домаќинки од Градашорци. |