- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Ќе се дава во закуп државно земјоделско земјиште во Свети НиколеDate of publication: 9 November 2012Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство денеска објави јавен повик за давање во закуп на државно земјоделско земјиште во регионот Свети Николе, за вкупна површина од над 5353ха 95ар 46м2 за катастарските општини Пеширово, Амзабегово, Кнежје, Црнилиште, Аџиматово, Сарамзалино, Ѓуземелци, Милино, Лозово, Каратманово, Дорфулија, Ќоселери, Аџи Бегово и Делисинци.
Земјоделското земјиште предмет на огласот се дава под закуп како целина. Земјоделското земјиште предмет на огласот се дава под закуп за одгледување на други земјоделски култури (житни и фуражни). Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето е 15 години. Времетраењето на закупот по истекот на времетраењето на склучениот договор за закуп, може да се продолжи со непосредна спогодба за закуп за следниот период од 15 години, под истите услови кои се наведени во претходниот договор, доколку закупецот во целост ги исполнил обврските од претходниот договор за закуп.
Право на учество на јавниот оглас за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост, имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Физичките лица, треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и/или запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства и/или да се трговец поединец на кои земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност. Странските правни лица, имаат право да учествуваат на јавен оглас доколку имаат регистрирано подружници во Република Македонија. На домашните и странските правни лица или нивните подружници земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност или земјоделското земјиште им е потребно за вршење на научно-истражувачки дејности. Право на учество на јавниот оглас и на поднесување на понуди во постапка со прибирање на понуди немаат лицата, кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина по претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост. Право на учество на јавниот оглас немаат правни лица за кои е отворена стечајна постапка, како и непрофитните организации.
Образецот за учество на јавниот оглас (понуда), може да се подигне во подрачните единици на Министерството и истиот мора да се пополни со сите потребни податоци и да се достави со потребната документација во затворениот коверт, во спротивно понудата нема да биде разгледувана. Образецот за учество на јавниот оглас се доставува во еден оригинален примерок заверен и потпишан од понудувачот. Секој понудувач може да достави само еден оригинален образец. Еден понудувач може да аплицира на површинините предмет на огласот исклучиво како една целина.
Понудите се поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневниот печат, до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Скопје Минималните услови во однос на материјално техничка опременост (планирани инвестиции и средства за обработка на земјиштето) и планираниот број на вработени кои треба да ги исполнуваат Понудувачите, како и останатите потребни услови и документи предвидени согласно Законот за земјоделско земјиште се дефинирани во Јавниот оглас.
За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или да ја посетат веб страницата на Министерството на следниов линк http://www.mzsv.gov.mk/?q=node/1098 |