- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Новата програма за земјоделските субвенции рамка на аграрните политики од 2013 до 2017 годинаDate of publication: 18 October 2012Земјоделците да го прошират своето производство и да ги надградат сопствените бизниси е целта на новата петгодишна Програма за аграрна поддршка што денеска во Владата ја разгледуваа сите релевантни фактори, претставници од земјоделските здруженија, науката и надлежните институции. Програмата е рамка во која ќе се движат земјоделските политики за периодот 2013 - 2017. Предвидува драстично зголемување на субвенциите и е проектирана на вкупно 700 милиони евра. Доби позитивна оценка од странските експерти, но мерките се уште се дефинираат. Во текстот, како што рече министерот Љупчо Димовски, има место за сите издржани забелешки. - Планираната сума што навистина е солидна, сакаме да ја реализираме во вистинска насока. Акцентот ќе биде ставен врз производството на сточна храна, примената на агроеколошките мерки и користењето сертифициран семенски материјал што ќе значи поголеми и поквалитетни приноси особено на житните и градинарските култури, нагласи Димовски. Во фокусот на поддршката се и руралните средини, изградба на канализациски мрежи, водоснабдувачки системи и локална инфраструктура, патишта за полесен пристап на механизацијата до обработливите површини. Ќе се развива и руралниот туризам. - Сакаме земјоделците да бидат добро информирани и да знаат што ќе се случува со субвенциите, во кој прваец ќе оди поддршката следниве пет години, подвлече министерот. Според него, досегашната пракса ги потврди позитивните ефекти од субвенционирањето. - Ефектите од поддршката се евидентни ако се земе предвид дека земјоделското производство во изминатите години е зголемено, а во 2012 се очекува да надмине 720 милиони евра, а извозот над 500 милиони евра, напомена Димовски. Покрај новата петогдишна програма, Министерството секоја година ќе изготвува и посебни 12-месечни програми |