- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Потпишан Меморандум за зајакнување на соработката меѓу министерствата за земјоделство на Македонија и РусијаDate of publication: 9 October 2012Имајќи ја предвид значајноста на земјоделскиот сектор во двете земји и во насока на нивните национални земјоделски политики и развојни програми, со цел да ја развијат, унапредат и прошират соработката во земјоделството помеѓу двете земји врз основа на принципите на рамноправност и взаемна корист министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, Љупчо Димовски и министерот за земјоделство на Руската Федерација, Николај Фјодоров потпишaа Меморандум за зајакнување на соработката во областа на земјоделството. Меморандумот за зајакнување на соработката во областа на земјоделството е прв конкретен чекор во практично спроведување на спогодбата за соработка во делот на земјоделството, шумарството и водостопанството помегу ресорните министерства. Со него ќе се поттикне развојот на научно-техничката соработка во областа на земјоделството, ќe се разменат информации и искуства од областа на семенарството, понатаму ќе се развие соработка во областа на заштитата на растенијата, лозарството, органското земјоделско производство, контрола на безбедноста и квалитетот на производството на земјоделските производи и друго. Соработката ќе се спроведува во повеќе форми, како што е размена на научни кадри, јакнење на капацитети, заедничко организирање симпозиуми, како и реализација на заеднички истражувачки проекти. Двете страни ќе ги засилат и поддржат инвестициите, како и трговско - економската соработка во областа на земјоделскиот сектор врз основа на одредбите на внатрешното национално законодавство и меѓународните договори на двете земји, а во рамките на своите надлежности ќе создаваат поволни услови за успешен развој на проектите за билатерална соработка. Република Македонија и Руската Федерација ќе го помагаат активното учество на претприемачките субјекти на земјоделските изложби кои се одржуваат на териториите на двете земји, понатау во подготовка на специјализирани трговско - економски саеми, а исто така ќе помагаат за воспоставување на директни контакти меѓу претприемачките субјекти од Република Македонија и Руската Федерација. За спроведување на овој Меморандум ќе се основа македонскo - рускa работна група за земјоделство. Двајцата министри го нагласија значењето на потпишаниот меморандум за зајакнување на соработката во областа на земјоделството, кој рамковно правно ја определува соработката во сите области од земјоделскиот сектор. Тие истакнаа дека ова е прв правен инструмент склучен мегу двете министерства, кој исклучително позитивно ќе се одрази во делот на соработката на државно ниво како и од аспект на задовување на пазарните потреби на стратешки производи. |