- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Министерот Димовски го отвори пливачкиот маратон, „Дојрански спортски ракувања“Date of publication: 16 September 2012Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денес во Дојран ги отвори „Дојранските спортски ракувања“ и пливачкиот маратон кој повторно се одржа по пауза од дваесет години. Според министерот, особено радува фактот што се гледа дека Дојранското Езеро повторно го враќа својот сјај. Значењето на езерото е огромно, не само поради тоа што претставува извор на храна, туку со своите специфични лековити својства и пријатната клима туристичката сезона овде започнува порано и тоа од 15 мај, а трае до 15 септември. - Со враќањето на водата во езерото се овозможи да се дадат на концесија рибите од риболовната вода Дојранско Езеро за вршење стопански и оранизирање рекреативен риболов истакна Димовски. Министерот Димовски посочи дека Стопанскиот риболов на Дојранското Езеро во наредниот период на концесија ќе се врши на два начина и тоа со употреба на “мандри“ и корморани со старите традиционални дојрански чамци (кораби ) и соодветен риболовен алат и комерцијален риболов на отворена вода. Сегашниот концесионер “Фишилан” ДООЕЛ – Нов Дојран ја презема обврската после долг период, да ја реализира и главната активност во вршењето на стопанскиот риболов, а тоа е изградбата на мандри чии локациски исто така се утврдени во риболовната основа со што се овозможува изградбата на мандрите што претставува реализација на заложбата на Владата на Република Македонија и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за враќањето, односно обновувањето на стариот, традиционален начин на риболов. -Актуелизирањето на традиционалниот начин на риболов е заради неговата специфичност и е еден од начините во вршењето на стопанскиот риболов кој треба да се искористи и за промоција и развој на риболовниот туризам, а со тоа и на збогатување на вкупната туристичката понуда на овој регион – истакна министерот Димовски. За крај на маратонците им посака успешна трка и изрази надеж дека овој маратон ќе прерасне во традиција и идните олимпијски маратонци ќе дојдат токму од овој куп во далечинско пливање. |