- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Тутунопроизводителите од пет држави против препораките за намалување на производството на тутунотDate of publication: 14 September 2012Препораките на Светската здравствена организација (СЗО) за намалување на производството на тутун се закана за егзистенцијата на стотици и илјадници семејства и со нив нема да се спречат луѓето да не пушат, оценуваат одгледувачите на тутун од Македонија, Бугарија, Србија, Грција и Турција.
Тие на денешниот форум за ориентален тутун, што го организира Меѓународната асоцијација на одгледувачи на тутун, истакнаа дека со намалувањето на производството на тутун нема да се намали бројот на пушачи и оти одгледувањето тутун не е штетно за животната средина.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски повтори дека и понатаму ќе има производство на тутун и оти ќе се исплаќаат субвенции за него. - Додека е оваа Влада, тутунопроизводителите треба да бидат сигурни дека и понатаму ќе има производство на тутун и субвенции. Тутунот е индустриско-земјоделска култура која е од особено значење за Република Македонија пред се од економски, но и од социјален аспект. Врзува голем број земјоделци, а државата има голем економски ефект од огледувањето на тутунот. Остануваме цврсто на тоа да продолжиме со произвдоството на ориентален тутун во Република Македонија, нагласи Димовски.
Додаде дека за нив се неприфатливи сите препораки кои се неосновани и неаргументирани, а една е дека одгледувањето тутун е штетно за тутунопроизводителите. - Во тутунопроизводството се користат 10 пати помалку пестициди и хемиски препарати во споредба со некои други култури, така што оваа препорака е неиздржана, оцени Димовски.
Според директорот на Меѓународната асоцијација на одгледувачи на тутун, Антонио Абруноса, одгледувањето тутун е под голема закана, а препораката на СЗО за намалување на производството на тутун не е паметен потег. - Во постојан пораст е потрошувачката на тутунски производи и поради тоа Светската здравствена организација сака да воведе рестрикации и да ја намали потрошувачката, а следствено на тоа и производството на тутун. Мислиме дека тоа не е паметен чекор од страна на СЗО затоа што со тоа пушачите нема да се откажат од цигарите само затоа што се намалило производството на тутун во нивната земја. Тоа не е мерка за принудување на пушачите да се откажат од пушењето, изјави Абруноса.
Вистинската опасност, смета тој, е што се принудуваат владите со пишан акт да се намали производството на тутун во нивната змеја со што ќе се остават на улица стотици и илјадници семејства. - Особено е доведена во прашање егзистенцијата на одгледувачите на ориентален тутун во Македонија и околните држави, бидејќи не постои замена на овој тип тутун. Не сме против мерките на СЗО, меѓутоа треба да се направи јасна граница меѓу работењето на нивните стручни лица и тутунопроизводството, бидејќи тие две работи треба да одат рака под рака, истакна Абруноса.
Препораките од Рамковната конвенција за контрола на тутунот на Светската здравствена организација треба да бидат разгледани на Петтата конференција на РККТ што треба да се одржи во ноемрви во Сеул, Јужна Кореја. |