- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Прес конференција на вицепремиерот Владимир Пешевски и министерот за земјоделство Љупчо ДимовскиDate of publication: 30 August 2012Препорачаната откупна цена на грозјето од годинашната реколта ќе биде повисока за два денари, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. Така минималната откупна цена за смедеревката ќе изнесува 10 денари за килограм, а за грозјето вранецот 12 денари за килограм. Овие цени ќе важат доколку лозарите сами го доставуваат грозјето до откупните центри. - Ова беше поднесено како барање од неколку здруженија на лозари. Од низата средби со откупувачите и производителите на вино беше постигната начелна согласност дека ова треба да биде препорачаната цена за оваа откупна сезона. Овие цени ќе важат за грозјето што ќе биде донесено во самите винарии, истакна вицепремиерот Пешевски на прес-конференција. Владата разработува и механизам за покривање на дел од транспортните трошоци од истурените транспортни центри до винариите. - Досега доколку винаријата има истурен откупен пункт им пресметуваше на лозарите во откупната цена и трошок за транспорт. Разработуваме механизам дел од тие трошоци да бидат искомпензирани преку дополнителна субвенција, појасни вицепремиерот Пешевски. Со цел да се олесни извозот на грозје ќе се побара од Царинската управа да воведе 24-часовно работење на Царинскиот терминал во Кавадарци до 1 октомври, а пред почетокот на откупната сезона ќе се направи и проверка на вагите и доколку има потреба тие ќе бидат повторно баждарени. - Со тоа очекуваме позитивниот тренд што изминатите години, особено во извозот на вино е запазен, ќе продолжи и во следните години, нагласи вицепремиерот Пешевски, додавајќи дека минатата година имало рекорден извоз на вино од околу 968 илјади хектолитри што е зголемување за 38 проценти во однос на количините од 2010 година, рече Пешевски. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски истакна дека и годинава ќе продолжи со исплатата на два денари за килограм предадени винско грозје во домашните преработувачки капацитети. - Со тоа сакам да ги офрлам шпекулациите дека нема да следуваат овие дополнителни субвенции. Владата и во оваа ситуација ќе ги поддржи дополнително лозарите со два денари за предаден килограм винско грозје во домашните преработувачки капацитети, нагласи Димовски. Најави дека Министерството презема и активности за анимирање на нови откупувачи од соседните пазари со што дополнително би се стимулирал извозот. Годинава, поради временските услови се очекува помала реколта од околу 25 проценти на грозјето. Според винскиот катастар во Македонија се произведува грозје на површина од 24 илјади хектари. Годишно производството на грозје изнесува од 235 илјади тони до 250 илјади тони од коишто околу 45 до 50 илјади тони отпаѓа на трпезното грозје, а останата количина е винско грозје. |