Ј А В Е Н П О В И К

Date of publication: 
27 August 2012

Врз основа на член 4 став 2 од Програмата за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на одредена категорија социјално необезбедени лица („Службен весник на Република Македонија” бр.80/12) и  Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2012-2013 година, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува

 

Ј А В Е Н   П О В И К

за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на одредена категорија социјално необезбедени лица

I.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на одредена категорија социјално необезбедени лица во следните региони:

Берово, Битола, М.Брод, Валандово, Гостивар, Гевгелија, Дебар, Делчево, Д.Хисар, Кочани, Кичево, Крушево, Кратово, Кавадарци, Струга, Струмица, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Велес, Штип, Г.Баба и Чаир.

 

Времетраењето на плодоуживањето за кое се издава земјоделското земјиште е 5 (пет) години.

II. ОБРАЗЕЦ ЗА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК (БАРАЊЕ)

Образецот за учество на јавниот повик (барање), може да се подигне во подрачните единици на Министерството и истото треба да се пополни со сите потребни податоци и  да се достави со потребната документација во затворен коверт, во спротивно понудата нема да биде разгледувана.

 

 

III. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Право на учество на јавниот повик за доставување на понуди за давање во плодоуживање на земјоделско земјиште во државна сопственост имаат социјално необезбедени лица– корисници на правото на социјална парична помош.

IV. ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА ПОНУДУВАЧОТ Е ДОЛЖЕН ДА ЈА ДОСТАВИ СО ПОНУДАТА

1)Учесниците на јавниот повик за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање се должни да достават:

- фотокопија од лична карта;

- потврда од Агенцијата за катастар на недвижности – одделение за катастар на недвижности дека лицето не е запишано како носител на право во катастар на земјиште/катастар на недвижности издадено на име на подносителот на барањето;

- производствен план потпишан од Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството;

- потврда од меснонадлежниот центар за социјална работа за период за користење на правото;

- решение за остварено право на социјална парична помош (износ и број на членови);

- за инвалидно лице – наод и мислење за  видот и степенот на попреченоста од надлежна институција;

- потврда од меснонадлежниот центар за социјални работи за самохран родител;

-  потврда од меснонадлежниот центар за социјални работи за згрижување лице во згрижувачко семејство;

-  решение за старател на дете без родители и родителска грижа или лице со одземена деловна способност;

2) Некомплетни и ненавремено доставени понуди на јавниот повик нема да се рагледуваат.

3) Потребната документација се доставува во оригинал или фотокопија заверена на нотар.

V. ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДА

Образецот за учество на јавниот повик (барањето) се доставува во еден оригинален примерок потпишан од понудувачот.

Секој понудувач може да достави само еден оригинален образец (барање).

Понудите се поднесуваат во рок од 30 (триесет) дена од денот на објавувањето на јавниот повик во дневниот печат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Скопје.

Понудата и другата документација се доставуваат во затворен коверт на кој во горниот лев агол треба да стои ознаката “не отварај”... „Понуда по јавен повик за доделување на земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на одредена категорија социјално необезбедени лица во регионот (се впишува регионот) и во средина „Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул.Јуриј Гагарин бр.15 Скопје”

Ковертот не треба да содржи никаква ознака со која би можел да се идентификува понудувачот, односно испраќачот.

VI. НАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ

1) Земјоделското земјиште може да се додели на плодоуживање најмногу до 4 хектари во систем за наводнување и најмногу до 8 хектари надвор од систем за наводнување.

2) Во зависност од планираниот начин на користење на земјоделското земјиште на плодоуживање, се доделува:

-за одгледување на житни, фуражни и индустриски култури, за поединец – плодоуживател максимум до 4 хектари во систем за наводнување, и за здружени двајца плодоуживатели максимум 8 хектари во систем за наводнување;

-за одгледување на градинарски култури, за поединец – плодоуживател максимум 0,6 хектари во систем за наводнување, и за здружени двајца плодоуживатели максимум 1,2 хектари во систем за наводнување;

VII. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ

Комисијата врши избор на најповолен понудувач врз основа на критериумите утврдени во член 7 од Програмата за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на одредена категорија социјално необезбедени лица („Службен весник на Република Македонија” бр.80/12).

 

На лице – корисник на социјална парична помош му се доделува земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање и тоа:

1.По основ на времетраењето на користење на правото на социјална парична помош:

- до една година                                                                                                          10 бода

-од една до три години                                                                                                20 бода

- од три до пет                                                                                                              25 бода

-над пет години                                                                                                            30 бода

 

2. По основ на број на членови во заедничко домаќинство:

- до еден член                                                                                                             10 бода

- до два члена                                                                                                             20 бода

- до три члена                                                                                                              25 бода

- до четири члена                                                                                                         30 бода

- над пет члена                                                                                                             35 бода

 

3. По основ на член во заедничко домаќинство кое е инвалидно лице:

- домаќинство со едно инвалидно лице                                                                    5 бода

- домаќинство со две или повеќе инвалидни лица                                                10 бода

 

4. По основа на самохран родител:

- со едно дете                                                                                                               5 бода

- со две деца                                                                                                              10 бода

- со три и повеќе деца                                                                                                15 бода

 

5. По основ на згрижување или старателство на дете без родители и родителска грижа или возрасно лице со одземена деловна способност:

- едно дете/лице во згрижувачко семејство

или под старателство                                                                                                 5 бода

- две деца/лица во згрижувачко семејство

или под старателство                                                                                               10 бода

- над три деца/лица во згрижувачко семејство

или под старателство                                                                                               15 бода

 

VII. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Согласно дефинираниот концепт за плодоуживање, корисниците на оваа Програма, по добивањето на земјоделското земјиште, ќе имаат право да користат и финасиска  помош Де минимис за отпочнување на земјоделската дејност, и тоа: за корисниците кои ќе одгледуваат житни, фурнажни и индустриски култури  ќе им следува еднократна парична помош во висина од 20.000,00 денари по хектар, но не повеќе од 120.000,00 денари,  а за корисниците кои ќе одгледуваат градинарски култури ќе им следува еднократна парична помош во висина од 55.000,00 денари по хектар .

Покрај оваа помош, согласно Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2012-2013 година, Пилот Програма за субвенционирање на плодоуживатели на државно земјоделско земјиште, на корисникот на плодоуживањето за првата година на плодоуживањето месечно ќе му се исплаќа надоместок во висина на социјална парична помош што ја земал до тогаш, исплата на придонеси за пензиско инвалидско осигурување и здравставено осигурување и исплата на надоместок за регистрација во регистарот на индивидуални земјоделци.

Во втората година, на регистрираниот индивидуален земјоделец ќе продолжи да му се исплаќаат придонесите за пензиско инвалидско осигурување и здравставено осигурување а износот на надоместокот од средствата на социјалната парична помош што ја земал до тогаш ќе се намали за 50%.

Во третата година плодоуживателот нема да биде корисник на овие мерки.

Плодоуживателите по склучувањето на договорите за плодоуживање,треба да се регистрирани преку Фондот на ПИОМ како индивидуални земјоделци на кои земјоделството им е основна дејност.

За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на телефон: 02  313  44  77 или да ги посетат веб страните на министерствата www.mzsv.gov.mk и www.mtsp.gov.mk