Продолжува успешната соработка меѓу министерствата за земјоделство на Р. Македонија и Р. Словенија

Дата на објава: 
25 Август 2012
 2.jpg

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчo Димовски во рамки на својата посета на Република Словенија одржа билатерална средба со својот словенечки колега министер за земјоделство и животна средина, Франц Боговиќ.


На средбата се разговараше за текот на реализацијата на билатералните договори во земјоделството, се дадоа предлози за проектите за идната година како и техничка соработка меѓу двете министерства и  експертска помош од словенечкото министерство за земјоделство.


- „Имав навистина успешна средба со мојот колега министерот за земјоделство на Словенија, г. Франц Боговиќ. Досегашната успешна соработка помеѓу двете министерства продолжува и понатаму, најголемата техничка помош за хармонизација на македонската со европската легислатива ја добивме токму од министерството за земјоделство на Р. Словенија. Исто така на оваа средба договоривме уште повеќе да ја продлабочиме оваа соработка посебно во делот на приближувањето кон Европската Унија, ФАДН Програмата како и во делот на фитосанитарната контрола„ - истакна министерот Димовски.


Исто така на средбата се разговараше и за ажурирање на податоците на словенечки компании заинересирани за вложување во откупно-дистрибутивни центри за овошје и зеленчук во Македонија и организирање бизнис средби меѓу заинтересирани компании во двете земји со цел размена на информации за потенцијалот за пласман на земјоделско прехранбени производи.