- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
СоопштениеDate of publication: 16 August 2012Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите корисници/закупувачи на земјоделско земјиште (во државна и приватна сопственост) дека согласно член 23 од Законот за ловството (“Службен весник на Република Македонија“ бр.26/09, 136/11 и 1/12) “забрането е палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиште“. За ваков вид прекршок се предвидени прекршочни одредби, и тоа со член 77 став (1), глоба во износ од 6.000 до 8.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на концесионерот на дивечот во ловиштето или на друго правно лице, ако во ловиште пали стрништа, плевел или други растителни отпадоци. Согласно член 79 став (1), глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице, ако пали стрниште, плевел или други растителни отпадоци во ловиште.
Исто така, согласно член 46 став (1) од Законот за земјоделско земјиште (“Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11), корисниците на земјоделското земјиште се должни да спроведуваат мерки за заштита од пожари согласно прописите за заштита од пожари. Согласно став (2) од истиот член, се забранува палење на оган во посевите, во стрништата и во нивна близина. Согласно член 47 од истиот закон, за заштита на земјоделското земјиште од загадување и заразување, соодветно се применуваат прописите за заштита и унапредување на животната средина и природата, а во однос на одговорноста и надоместот на штета предизвикана од загаденоста и заразеноста на почвата, водата и воздухот и од пожари се применуваат општите прописи за одговорност и надоместокот на штета. Инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство вршат интензивна контрола на земјоделските површини и во целост ќе ги санкционираат недозволените дејствија се до давање предлог за раскинување на договорите за концесија на државно земјоделско земјиште. Исто така и Шумската полиција спроведува интезивни контроли во шумските области и ќе го санкционира секое движење во согласност со целосната забрана за движење низ шуми Поради воведената забрана за палење на пасишта, во случај на појава на пожар од палење на пасишта, Јавното претпријатие за Пасишта е должно да ги раскине договорите за закуп на пасиште на оние локации каде ќе се причинат пожари. Закупците на пасишта треба добро да ја почитуваат оваа мерка, во спротивно следи раскинување на договор за закуп на пасиште.
Согласно горенаведеното, потребно е се почитуваат позитивните законски прописи, забраните и казните за палење на стрништа, плевел, посеви и други растителни отпадоци, како превентивна мерка за заштита на шумите од пожари бидејќи согласно член 57 став 3 правните субјекти кои стопанисуваат со шумите во согласност со министерот надлежен за работите од областа на шумарството има донесено целосна забрана за движење во шумите на Република Македонија до 31 август. Непочитувањето на оваа одредба се санкционира со глоба од 1500-2000 евра.и дека во спротивно ќе се превземаат мерки согласно закон. |