- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
РЕАКЦИЈА на прес-конференцијата на Зорица Стрезовска, член на Агро-советот на СДСМDate of publication: 9 August 2012За тоа каде завршуваат земјоделските субвенции најдобро ќе биде СДСМ да ги праша 171.000 корисници на земјоделските субвенции, македонските земјоделци заклучно со месец јули во целост на нивните сметки ги добија ветените 115 милиони евра земјоделски субвенции за 2011 година, за разлика од одвај 6.000 земјоделци во времето кога тие беа на власт. Дополнително во целост се исплати и поддршката на тутунарите планирана за 2012 година, многу порано од завршување на тековната година. Субвенциите се исплатени за конкретни земјоделски производи според програма, точно определени, реални, мерливи и видливи, и истите лесно може да се проверат на кого и колку се исплатени на веб страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството. За доследна и законска исплата на субвенциите Владата на Република Македонија изгради целокупен систем на правни акти, институции, информациски и контролни системи, усогласени во голема мерка со европските стандарди, кои гарантираат дека парите за субвенциите стигнуваат во вистински раце. Очигледна е паниката кај опозициската партија од тоа што исправните политики на Владата и во услови на најголемата светска економска криза овозможуваат редовно и во целост да бидат сервисирани обврските и ветувањата кон граѓаните, особено кон приоритетната категорија -македонските земјоделци. Единствено зачудува фактот, што секогаш кога на земјоделците на Република Македонија им се случуваат позитивни работи, единствениот кој нервозно реагира е Социјал демократскиот сојуз. |